Product was successfully added to your shopping cart.

Items 31 to 40 of 134 total

Стапала на новороденчињаПромените на стапалата се помеѓу првите нешта кои ги забележуваат родителите и најблиските кај новороденчињата. Тоа е разбирливо бидејќи овие промени се лесно видливи и забележливи. Токму заради тоа родителите се често пати збунети дали е се во ред со стапалата на детето.
06.10.2016 16:38:29
Здравјето на детските заби е важноМлечните заби се важни за јадење, зборување, смеење и подготовка за здрави стални заби.Помогнете му на детето да ги стекне добрите навики врзани за забите.Деца до 3 години

  • Чистете ги детските заби и десни со чиста ткаенина по секој оброк.
  • Штом се појават првите заби, чистете ги бебешките запчиња два пати дневно со мала мека четкичка. Не користете паста, туку само вода.
  • ...
06.10.2016 16:31:58
ЕпидермисЕпидермисот е надворешниот слој на кожата кој се регенерира континуирано и претставува бариера против навлегувањето на туѓите материи како што се бактерии, загадувачи, кал, прашина итн. Во првите месеци од животот, кожата е уште е прилично тенка, со дебелина што е околу половина од таа на возрасните и е покриена со заштитен слој, наречен "vernix caseosa", која исчезнува веднаш по раѓањето, бидејќи ја завршува својата функција, која е да се заштити кожата од мацерација предизвикана од амнионската течност во матката.
06.10.2016 16:22:48
ДоењеОва е многу важна фаза во животот на бебето и мајката. За новороденче прифаќањето на градите и цицањето не е само основна, физиолошка неопходност, туку, пред сe, тоа е моментот на поврзување со мајката, со многу емоции и голема блискост, аудитивни дразби, како и оние на вкус и мирис. Задоволувањето на оваа потреба носи длабоко чувство на благосостојба и смиреност и за детето и за мајката.
06.10.2016 16:21:27
Изобилство на млекоВо овие случаи, млекото може да се екстрахира со помош на пумпа за гради и да се чува за да се даде на бебето кога е потребно. По употребата, сите делови на пумпата за гради што доаѓаат во контакт со мајчините градите и со млекото мора да се расклопуваат, перат и да се исплакнат темелно.
06.10.2016 16:20:07
Појава на инфекции кај децатаИнфекциите на органите за дишење се меѓу најчестите здравствени проблеми кај децата, а вообичаено започнуваат со течење на носот. Овие инфекции се најчести во есен и зима, но може да се појават и во текот на целата година. Вообичаено станува збор за вирусни инфекции кои најлесно се шират на места каде што престојуваат поголем број на деца, т.е во градинките и училиштата.
06.10.2016 16:18:53
Растете со насмевкаКога родителите го гледаат смеењето кај своите деца, тоа им го создава едно од најубавите чувства и целосно ги исполнува. Смеењето е корисно за целото семејство и помага во надминување на секојдневните грижи а воедно – дава чувство на блискост и полет.
06.10.2016 16:16:03
Совети како да ја намалите појавата на алергија и егзема кај бебињата

Како да ја намалите појавата на алергија?

Доколку тестовите покажат дека бебето е алергично на некоја супстанца во домот, или од надворешната околина, или пак има знаци на појава на астма, пред сè намалете ја изложеноста на алергените кои тоа го предизвикуваат.
06.10.2016 16:06:26
Воспаление на синуси кај децаОдредени вируси или бактерии предизвикуваат воспаление на слузницата на синусите па доколку детето нема развиено појак имунитет, воспалението може да се прошири и до синусите. Воспаление на синусите кај децата не е безопасна болест и за неа треба да добро да се информираме. Синусите се шуплини кои се наоѓаат во челната коска на лицето, позади носот.
06.10.2016 15:58:17
Тргнување во градинкаЕсента пристигна и сите и се радуваат. Учениците поради тргнувањето во училиште, а оние помладите поради преминувањето во нова “поголема“ група, а најмладите во јасли. Меѓутоа ги има и оние на кои им е првпат па им е потребна поддршка. За децата на кои ова ќе им биде прв пат, им советуваме на родителите да се подготват за плачење, драматични ситуации кога плачат не само децата туку и родителите кога ќе ги остават, а потоа го слушаат плачот и врискањето на нивното дете.
06.10.2016 15:52:02

Items 31 to 40 of 134 total

Facebook Twitter Instagram YouTube
Бесплатна испорака Прво купување Советувалиште Каталози