Епидермисот е надворешниот слој на кожата кој се регенерира континуирано и претставува бариера против навлегувањето на туѓите материи како што се бактерии, загадувачи, кал, прашина итн.

Во првите месеци од животот, кожата е уште е прилично тенка, со дебелина што е околу половина од таа на возрасните и е покриена со заштитен слој, наречен "vernix caseosa", која исчезнува веднаш по раѓањето, бидејќи ја завршува својата функција, која е да се заштити кожата од мацерација предизвикана од амнионската течност во матката. Кожата, според тоа, не може веднаш да обезбеди ефикасна заштита и одбрана, оттука е повеќе изложена на иритации со можни инфекции и алергии. Лачењето на себумот се намалува брзо по раѓањето, оставајќи ја кожата повеќе ранлива, па затоа во периодот по раѓањето, сувата кожа е честа појава.

Енци Менци Дел од Вашето Семејство.