Product was successfully added to your shopping cart.
Хомеопатија
Што е хомеопатија? Медицинска наука и филозофија која постои повеќе од два века, а чии корени датираат од лекари од Стара Грција. Основач е германскиот лекар Самуел Ханеман (1755-1843). ОСНОВНИ ЗАКОНИ НА ХОМЕОПАТИЈАТА: нека сличното се лечи со слично.Read More
11.10.2016 13:38:58
Како растат запчињата
Никнувањето и растењето на забите претставува важен настан за родителите, но и за педијатрите кои го пратат развојот на детето. Првите запчиња кај детето се нарекуваат млечни (примарни) заби и нивниот број и редослед на никнување е добар показател за здравјето на детето.Read More
11.10.2016 13:33:51
Дијареја кај деца
Тоа е често заболување во детска возраст. Од неа најчесто заболуваат децата во првите две години од животот. Во неразвиените земји заболуваат голем број на деца во текот на целата година. Доаѓаме до заклучок дека детето има дијареја ако има изненадно голем број на столици ( повеќе од 3)...Read More
11.10.2016 13:28:42
Шарлах - Скарлатина
Тоа е акутна, заразна болест предизвикана од бета хемолитички стрептококи од групата А. Оваа бактерија може да предизвика разни инфекции и воспаленија ( грло, синуси, уво,кожа, бели дробови, срце). Како ќе се манифестира болеста зависи од возраста на детето.Read More
11.10.2016 13:26:26
Инфективна мононуклеоза
Тоа е акутна, заразна болест кај децата, адолесцентите и младите луѓе. Ја нарекуваат и болест на бакнежите, затоа што може да се пренеси со бакнеж, допир, со капење и тоа секогаш од човек на човек. Причинител е Епштајн-Баровиот вирус.Read More
11.10.2016 13:23:28
Варичела - Овчи сипаници
Тоа е акутна, заразна, блага болест честа во детска возраст. Обично заболуваат деца од 5 до 10 години, но може да заболи и новороденче и возрасна личност. Предизвикувач на болеста е херпес вирус, кој живее во човечкиот организам. После прележана болест, имунитетот е доживотен.Read More
11.10.2016 13:20:56
Анемијата е излечива!
Сè повеќе бебиња и дечиња помлади од три години патат од анемија. Еве што треба секој родител да знае за ова заболување... Во најголем број случаи анемијата кај децата не е опасна и лесно се лекува. Неправилната исхрана и премногу грицки и благи работи се главна причина за ова заболување, всушност, претставува недостаток на хемоглобин, пигмент во црвените крвни зрнца, чија основна функција е да пренесува кислород.Read More
11.10.2016 13:17:33
Жолтица кај мали деца
Патолошката жолтица се јавува во првите 24 часа од животот на детето, а најчести причини се хемолитичка болест на новороденото, Криглер- Најаров синдром, септикемија, хипоксија, хипокликемија. Физиолошката жолтица се јавува помеѓу вториот и четвртиот ден од раѓањето на детето и трае 7-8 дена. Кај предвреме родените деца жолтицата се јавува при крајот на првата недела од животот и трае до две недели.Read More
06.10.2016 16:40:13
Стапала на новороденчиња
Промените на стапалата се помеѓу првите нешта кои ги забележуваат родителите и најблиските кај новороденчињата. Тоа е разбирливо бидејќи овие промени се лесно видливи и забележливи. Токму заради тоа родителите се често пати збунети дали е се во ред со стапалата на детето.Read More
06.10.2016 16:38:29
Здравјето на детските заби е важно
Млечните заби се важни за јадење, зборување, смеење и подготовка за здрави стални заби.Помогнете му на детето да ги стекне добрите навики врзани за забите.Деца до 3 години

  • Чистете ги детските заби и десни со чиста ткаенина по секој оброк.
  • Штом се појават првите заби, чистете ги бебешките запчиња два пати дневно со мала мека четкичка. Не користете паста, туку само вода.
  • ...Read More
06.10.2016 16:31:58

Items 1 to 10 of 17 total

Facebook Twitter Instagram YouTube
Бесплатна испорака Прво купување Советувалиште Каталози