Потрошувачот има право во “ЕНЦИ МЕНЦИ” да го замени или врати производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини, освен во случај на купен производ изготвен по нарачка од потрошувачот врз основа на писмен договор, што е во согласност со член 50 од Законот за заштита на потрошувачите.
Потрошувачот правото за замена односно враќање на производ може да го оствари во рок од 15 дена сметано од денот на подигање т.е. достава на производот.
За остварување на правото за замена односно враќање на производ согласно оваа Одлука важат следните законски услови:</p>
При поднесување на барање за замена, односно враќање на производ, со призводот задолжително се приложува фискалната сметка или сметкопотврдата и целокупната друга пропратна документација која на Потрошувачот му била издаденa заедно со производот. По истекот на рокот од 15 дена од денот на подигање т.е. достава на производот, потрошувачот го губи правото на замена, односно враќање на производ по овој основ. Сите поднесени Барањата за замена, односно враќање на производ, сметано од 16-тиот ден од денот кога производот е примен од потрошувачот, ќе бидат негативно одговорени. Замената, односно враќањето на производот Потрошувачот може да го реализира исклучиво преку ЕНЦИ МЕНЦИ онлајн продавницата, т.е. каде што е извршена купопродажбата.
Наведената Политика за замена, односно враќање на производ на барање на потрошувач се применува во сите ЕНЦИ МЕНЦИ продажни салони од 23.07.2019 година. За сите производи купени до 22.07.2019 година важи и се применува правилото за замена односно враќање на производ на барање на потрошувач во рок од 15 дена сметано од денот кога производот е купен.
Трошковите за поврат на робата се на товар на купувачот, освен во случај кога купувачот ќе добие неисправен или погрешен производ.
Трошковите за праќање на робата на сервис или замена на робата, се на трошок на купувачот.
Во случај на поврат на робата и поврат на средствата на купувачот кој предходно платил со некоја од платежните картички, делумно или во целост, а без причина на разлогот на враќање, Енци Менци интернет продавницата се обврзува повратот на средствата да го направи исклучиво преку VISA, Maestro и MasterCard методата на плаќање, што значи дека банката, на барање на продавачот, ќе изврши поврат на средствата на сметката на купувачот.