Product was successfully added to your shopping cart.

Политика за приватност

ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСT

Оваа Изјава за приватност се однесува на доверливоста на личните податоци кој се собрани при процесот на регистрација на Клиентите на интернет страницата www.encimenci.com.mk за добивање на услуга на купување на производи од друштвото, односно регистрација на корисник и добивање на “Baby Club“ картичка за лојаност. ОСКАР-БЕБЕ ДОО Скопје, како давател на услугите на интернет страницата www.encimenci.com.mk, се придржува до важечките прописи со цел заштита на приватноста на своите Клиенти односно Корисници, а особено на Законот за заштита на личните податоци.

Во оваа Изјава е опишано како контролорот на податоци Друштво за трговија и услуги ОСКАР-БЕБЕ ДОО експорт-импорт Скопје, со седиште на ул. Перо Наков бр. 31 Скопје, Гази Баба, со ембс: 6174302 (во понатамошниот текст: ОСКАР-БЕБЕ ДОО Скопје) ги обработува личните податоци.

Купувачите кои се приматели на услугите (во понатамошниот текст: Клиенти) се упатуваат на интернет страницата www.encimenci.com.mk, да прочитаат се што е наведено во оваа политика со цел да бидат информирани кои податоци се собираат и обработуваат од страната на контролорот, за кои цели, врз основа на кои законски основи, со кого истите се споделуваат, кои заштитни мерки се спроведуваат, како и кои се Вашите права поврзани со пристапот до личните податоцим корекција, бришење и Вашето право на приговор.

Со прифаќање на оваа Изјава за приватност и со кликнување на формата за регистрација на корисникот на интернет страницата, односно за регистрација на картичката за лојалност, Корисникот потврдува дека ги прочитал, разбрал и се согласил за обработка на личните податоци утврдени со оваа Изјава на приватност.

1) Начела на заштита на личните податоци

Како контролор, Друштвото обезбедува заштита и обработка на личните податоци во согласност со важечката правна рамка којашто ја следи на редовна основа и за таа цел обезбедува дека личните податоци на субјектите се обработуваат во согласност со начелата за заштита на лични податоци.

Во своето работење, ние едновремено ги почитуваме и применуваме сите начела поврзани со обработката на лични податоци, а со цел да обезбедиме дека Вашите лични податоци се обработуваат согласно прописите за заштита на личните податоци, односно дека тие се:

- обработувaат согласно закон, во доволна мера и на транспарентен начин во однос на Вас („законитост, правичност и транспарентност“);

- собираат само за конкретни, јасни и легитимни цели и дека нема да се обработуваат на начин што не е во согласност со тие цели; („ограничување на целите“),

- соодветни, релевантни и ограничени на она што е неопходно во однос на целите заради кои ги обработуваме („минимален обем на податоци“),

- точни и ажурирани, при што секогаш преземаме мерки за навремено бришење или коригирање на податоците што можеби ќе бидат неточни или нецелосни, водејќи се секогаш притоа од целите заради кои ги обработуваме („точност“),

- чувани во форма која ни овозможува идентификација на субјектите на личните податоци, но не подолго од она што е потребно за целите поради кои се обработуваат личните податоци, или подолго од законски утврдениот рок („ограничување на рокот на чување“),

- обработени на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување, со примена на соодветни технички или организациски мерки („интегритет и доверливост“).

Друштвот како отчетен контролор на личните податоци, секогаш ќе ја демонстрира усогласеноста и применувањето на начелата поврзани со обработката на личните податоци. Горенаведените начела на обработка се применуваат кумулативно, сите заедно во текот на севкупниот циклус на обработка на личните податоци.

2) Идентитетот и контакт податоците на контролорот

ОСКАР-БЕБЕ ДОО Скопје, во рамките на својот делокруг на работење, при вршењето на дејноста врши собирање, чување и обработка на лични податоци, поради што се јавува во улога на Контролор на лични податоци.

Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци и подзаконските акти.

За обработка на личните податоци ОСКАР-БЕБЕ ДОО Скопје има воспоставено систем за заштита на лични податоци, кој опфаќа соодветни технички и организациски мерки за обезбедување ниво на безбедност и кој е разработен преку повеќе интерни акти.

Секој клиент или корисник, кој има било какви прашања поврзани со заштитата на личните податоци, истите може да ги испрати преку електонска пошта на следната електронска адреса: oskarbebe@t-home.mk

3) Офицерот за заштита на личните податоци;

Офицер за заштита на лични податоци во ОСКАР-БЕБЕ ДОО Скопје е лицето Миа Георгиевска.

За дополнителни информации и/или остварување на права за заштита на лични податоци, субјектите на лични податоци може да го контактираат Офицерoт за заштита на лични податоци на следната емаил адреса: mia@georgievskalaw.com или на следниот телефонски број: 071 720 340.

4) Целите на обработката за коишто личните податоци се наменети

ОСКАР-БЕБЕ ДОО Скопје собира и врши обработка на лични податоци со цел успешно извршување на постапката за воспоставување на соработка со субјектот на лични податоци, како корисник на интернет услугите кои ги нуди контролорот ОСКАР-БЕБЕ ДОО Скопје, односно

 вршење онлајн – продажба преку веб страната на друштвото на физички лица-клиенти на друштвото и

 процес на регистрација за добивање на „Baby Club“ картичка за членство.

ОСКАР-БЕБЕ ДОО Скопје собира, чува, обработува и користи лични податоци за своите корисници, кои што тие ги даваат во контекст на остварување на деловен однос со Друштвото, за да може да примат одредена услуга од друштвото.

5) Правната основа за обработката

ОСКАР-БЕБЕ ДОО Скопје врши обработка на личните податоци во согласност со законските основи за вршење на истата, и тоа следните:

• Обработка врз основа на согласност

ОСКАР-БЕБЕ ДОО Скопје, по правило, врши обработка на личните податоци врз основа на претходно добиена согласност од субјектот на лични податоци за една или повеќе конкретни цели.

Оваа основа за обработка на лични податоци се користи кога потпишувате Изјава за согласност за обработка на Вашите лични податоци од страна на Друштвото.

• Обработка потребна за исполнување на законска обврска

Личните податоци во ОСКАР-БЕБЕ ДОО Скопје може да се обработуваат во согласност со закон, за конкретни, јасни и со закон утврдени цели, а заради исполнување на законски обврски на Друштвото.

Оваа основа се користи особено во случај на закана по здравјето или животот на вработениот или клиентот.

6) Корисниците или категориите на корисници на личните податоци, доколку ги има

Вашите лични податоци не ги даваме на корисници и во иднина може да дадеме лични податоци на корисник само доколку е потребно во конкретен случај, а врз основа на писмено барање од корисникот и доколку тој корисник согласно со закон е овластен да ги обработува и само во време кое е неопходно за остварувањето на конкретната цел предвидена со закон, а за што сме должни да водиме Евиденција.

Лични податоци може да се откријат на надлежни органи во земјата кои се овластени да собираат такви податоци, на пример: Агенција за вработување, Управа за јавни приходи, Државен инспекторат за труд итн.) вклучувајќи и органи на прогон, извршители, судови итн.

7) Обработувач

Друштвото има ангажирано надворешни обработувачи, и тоа:

- за одржување на компјутерски софтвер - ОПТИМУМ КРЕАТИВ СОЛУШНС ДООЕЛ Скопје, ул. Скупи 13 бр. 5 Злокуќани - Карпош, контакт телефон: +389 2 3161 424 и

- за процесот на плаќање со кредитна или дебитна картичка - ХАЛК БАНКА, ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, 1000 Скопје, контакт телефон: +389 23287503.

Обработувачите се должни да ги обработуваат личните податоци, кои може да им бидат откриени, само согласно склучен Договор за обработка со Друштвото, односно согласно документирани упатства од контролорот и со примена на технички и организациски мерки за заштита и безбедност на личните податоци.

8) Обработка на личните податоци за време на процесот на плаќање со кредитна или дебитна картичка

ОСКАР-БЕБЕ ДООЕЛ Скопје, за време на плаќање на интернет страницата, како услов за плаќање на производите и услугите со кредитни или дебитни картички, бара дозвола од Клиентот да го активира процесот на плаќање преку компанијата ХАЛК БАНКА, ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, 1000 Скопје, како давател на услуги за процесирање и наплата преку (кредитни или дебитни) картички, договорен партнер на ОСКАР-БЕБЕ ДООЕЛ Скопје и обработувач на личните податоци.

За таа цел, личните податоци на клиентот и тоа: име и презиме на клиентот и податоците од картичката на клиентот, се привремено зачувани кај ХАЛК БАНКА, ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, 1000 Скопје, кој ги чува овие податоци во согласност со сертификацијата за PCI DSS, највисоко ниво на заштита и доверливост. Клиентот го активира процесот на обработка и плаќање преку картичка со потврда (кликнување) на линкот "плати".

ОСКАР-БЕБЕ ДООЕЛ Скопје во ниту еден момент не располага, не ги собира или обработува личните податоци внесени заради процесирање и наплата со картичка. Ги советуваме Клиентите да се информираат за обработката на личните податоци од страната на ХАЛК БАНКА, ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, 1000 Скопје на интернет страницата на која се одвива процесот за плаќање или преку следниот контакт +389 23287503.

9) Пренос на лични податоци во трета земја или меѓународна организација

Друштвото не врши пренос на лични податоци во трета земја или меѓународно организација.

Доколку врши пренос, таквиот пренос треба да е уредно пријавен во Агенцијата за заштита на лични податоци, согласно законските одредби.

10) Временскиот период за кој ќе се чуваат личните податоци

Податоците кои ги собира Друштвото се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката.

Податоците за клиентите се чуваат не подолго од она што е потребно за целите поради кои биле собрани и обработени личните податоци односно целосно завршување на одредена работа или давање на одредена услуга.

При што, Друштвото укажува дека за одредени категории на лични податоци постојат определени рокови на чување предвидени со применливи закони.

11) Права на субјектите

ОСКАР-БЕБЕ ДОО Скопје им гарантира на субјектите на лични податоци дека имаат:

- Право на пристап до личните податоци – Секое лице има право да дознае дали и како се обработуваат неговите лични податоци и да добие пристап до нив. Дополнително, има право на информации за целите, категориите, корисниците, роковите на чување и за евентуален автоматизиран процес на одлучување.

- Право на исправка – Субјектот има право во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето да побара и да добие исправка на неточни лични податоци, а може да побара и добие дополнување на нецелосните податоци.

- Право на бришење на неговите/нејзините лични податоци („право да се биде заборавен“) – субјектот на лични податоци може да побара бришење на своите податоци ако тие повеќе не се потребни, се обработуваат незаконски или согласноста е повлечена. Контролорот мора да ги избрише податоците во рок од 30 дена, освен кога постои јавен интерес, законска обврска или други оправдани причини.

- Право на ограничување на обработката - Субјектот може да бара ограничување на обработката кога ја оспорува точноста, кога обработката е незаконска, или кога податоците се потребни само за правни барања. Во тој период, податоците можат да се користат само за чување, со согласност или за правни и јавни интереси.

- Право на приговор за обработката - Лицето може во секое време да поднесе приговор против обработката на неговите лични податоци поради негова конкретна ситуација. При директен маркетинг, контролорот мора веднаш да ја прекине обработката по приговор на субјектот.

- Право на преносливост на податоците - Субјектот има право да ги добие своите податоци во структуриран и машински читлив формат и да ги пренесе кај друг контролор. Ова право не смее да влијае негативно врз правата и слободите на другите лица.

- право да не биде предмет на одлука заснована единствено на автоматизирана обработка, под условите предвидени во Законот за заштита на личните податоци;

- Обврска за известување - Контролорот мора да ги извести корисниците на кои податоците им биле откриени за секоја исправка, бришење или ограничување. Доколку субјектот побара, мора да биде информиран кои корисници се известени.

Субјектот на лични податоци има право да поднесе барање во врска своите права за лични податоци до Друштво за трговија и услуги ОСКАР-БЕБЕ ДОО експорт-импорт Скопје, со седиште на ул. Перо Наков бр. 31 Скопје, Гази Баба или преку Емаил: : oskarbebe@t-home.mk.

Субјектот на лични податоци исто така има право да поднесе барање до офицерот за заштита на лични податоци Миа Георгиевска, емаил адреса mia@georgievskalaw.com и контакт телефон: 071 720 340.

Субјектот на лични податоци исто така има право да поднесе барање во врска своите права за лични податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци, со адреса на ул. бул. Гоце Делчев бр. 18 (кат 14) Скопје, контакт телефон: 023230635 и емаил адреса: info@privacy.mk

12) Повлекување согласност

ОСКАР-БЕБЕ ДОО Скопје известува дека кога основата за обработка на лични податоци е дадена согласност од субјектот на лични податоци, истиот има право за повлекување на согласноста во секое време, без да се влијае на законитоста на обработката која била заснована на согласноста пред истата да биде повлечена.

Повлекување на согласноста може да направите на следната електронска адреса: oskarbebe@t-home.mk во секое време или со доставување на повлекување на согласноста на адресата на седиштето на нашата фирма, односно на ул. Перо Наков бр. 31 Скопје, Гази Баба.

13) Информација за обврската за давање лични податоци

ОСКАР-БЕБЕ ДОО Скопје во зависност од воспоставениот однос со него, го известува субјектот дали давањето на личните податоци е законска или договорна обврска или услов кој е потребен за склучување на договор, како и дали субјектот на личните податоци има обврска да ги даде личните податоци и можните последици ако овие податоци не бидат дадени;

14) Автоматизиран процес на одлучување

ОСКАР-БЕБЕ ДОО Скопје не врши автоматизиран процес на одлучување, но во случај на постоење на автоматизиран процес на одлучување, вклучувајќи го и профилирањето како и во оние случаи кога е вклучена значајна информација за логички поврзаните процеси на обработка, има обврска да го извести субјејктот на личните податоци, како и за значењето и предвидените последици од таквата обработка за субјектот на личните податоци.

15) Категориите на лични податоци

ОСКАР-БЕБЕ ДОО Скопје ги собира и ги обработува следните категории на податоци

• вршење онлајн – продажба преку веб страната на друштвото на физички лица-клиенти на друштвото

o Име и презиме;

o контакт телефон;

o емаил адреса/електронско сандаче;

o адреса за вршење на достава (улица, број, населено место).

• процес на регистрација за добивање на „Baby Club“ картичка за членство:

o Име и презиме;

o Контакт телефон;

o Емаил адреса/електронско сандаче;

o Адреса за за вршење на достава;

o Датум на раѓање;

o Пол;

o Предвиден термин за раѓање на детето:

o Име и презиме на детето;

o Податоци за сродство со детето.

ОСКАР-БЕБЕ ДОО Скопје ги обработува личните податоци само врз основа на слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислено изјавена волја на корисникот.

По исклучок, обработка на посебните категории на лични податоци може да се врши во ОСКАР-БЕБЕ ДОО Скопје само ако е во согласност со членот 13 став 2 точка 1 од Законот за заштита на личните податоци.

16) Законитост на обработката на личните податоци

Податоци кои се обработуваат Цели на обработка на лични податоци Основ за обработка на посебна категорија на лични податоци

Податоци за физички лица – клиенти на друштвото Заради вршење на онлајн – продажба преку веб страната на друштвото 1. Согласност на субјектот на лични податоци (согласно член 10 став 1 точка 1 од Законот за заштита на лични податоци)

Податоци за физички лица – клиенти на друштвото Заради остварување на процесот на апликација/пријавување на клиентот за добивање на „Baby Club“ картичка за членство во “Baby Club” на друштвото

1. Согласност на субјектот на лични податоци (согласно член 10 став 1 точка 1 од Законот за заштита на лични податоци и член 13 став 2 точка 1 од Законот за заштита на лични податоци)

17) Извор на личните податоци и доколку е применливо, дали податоците се од јавно достапни извори

ОСКАР-БЕБЕ ДОО Скопје собира лични податоци директно од субјектот на лични податоци, а во спротивно има обврска на барање на субјектот да го извести за изворот на личните податоци.

18) Податоци за контакт со ОСКАР-БЕБЕ ДОО Скопје и Офицерот за заштита на лични податоци

Во случај на какви било прашања, поплаки и други прашања поврзани со приватноста на податоците, како и за остварување на правата на субјектот на личните податоци, субјектот на лични податоци може да контактира со Друштвото и неговиот офицер за заштита на лични податоци преку е-пошта, како наведено во точка 2 и 3 од оваа Изјава за приватност.

19) Политика за користење на „колачиња“

Колачињата и другите технологии за следење можат да се користат на интернет страницата www.encimenci.com.mk на различни начини за различни цели како на пример: да функционира интернет страницата www.encimenci.com.mk, за анализа на сообраќајот или за маркетинг цели.

Што е „колаче“?

„Колаче“ (eng. Cookie) е податок со мала големина што интернет страницата ја складира на компјутерот или мобилниот уред на посетителот. Колачето овозможува интернет страницата да ги „запомни“ постапките на посетителите од претходните посети. Повеќето прелистувачи дозволуваат употреба на колачиња, но корисникот може да ги избрише во секое време или да постави забрана за чување во својот пребарувач. Најчестите причини за користење на колачиња се: идентификување на посетители, запомнување на специфични кориснички преференци, помагање во внесување на информации што веќе биле внесени за време на претходните посети, собирање податоци за анализа и промотивни кампањи.

Класифицирање на колачиња:

1. „Привремени колачиња“ (англиски: „Session cookies“) - се зачувуваат на вашиот компјутер и потоа автоматски се бришат кога ќе го затворите пребарувачот. Тие овозможуваат интернет страницата да добие привремени информации, како што се коментари или статус на кошничката за купување.

2. „Трајни колачи“ (англиски: „Persistent cookies“) - Тие остануваат во вашиот пребарувач дури и по затворање и обично имаат датум на истекување. Веб страната www.encimenci.com.mk користи постојани колачиња за да го олесни пристапот на регистрираните корисници. Тие складираат информации како корисничко име и лозинка, што ви овозможува да ја користите функцијата „запамeти ме“ при најавување, за да не мора да ги внесувате вашето корисничко име и лозинка секој пат кога ќе ја посетите www.encimenci.com.mk.

3. „Колачиња од прва страна“ - тие доаѓаат од интернет страницата што сте ја посетиле и можат да бидат привремени или трајни. Тие им овозможуваат на интернет страниците да ги зачувуваат податоците користени кога корисникот повторно ја посетува интернет страницата.

4. „Колачиња од трета страна“ - Постојат неколку надворешни сервиси кои складираат ограничени колачиња за корисникот (Facebook, Instagram, Google Analytics и AdWords).

Овие колачиња не се поставени од страна на www.encimenci.com.mk и најчесто служат како помош при толкување на однесувањето на корисникот и за маркетинг цели.

Достапни опции за корисниците

Во поставките на пребарувачот, како што се Internet Explorer, Safari, Firefox или Chrome, можете да наведете кои колачиња сакате да ги прифатите, а кои да ги одбиете. Каде можете да ги најдете поставките, зависи од типот на пребарувачот. Користете ја опцијата „помош“ во пребарувачот за да ги пронајдете потребните поставки.

Доколку изберете опција дека не сакате да прифаќате одредени колачиња, можеби нема да можете да користите одредени функции на интернет страницата www.encimenci.com.mk.

20) Измени на изјавата за приватност

Оваа Изјава за приватност на ОСКАР БЕБЕ ДОО Скопје, може да се измени во секое време со објавување на изменетиот текст на Изјавата за приватност на интернет страницата на друштвото. Затоа ОСКАР БЕБЕ ДОО Скопје ги советува корисниците периодично да ја прегледуваат оваа Изјава за приватност, што ќе укаже на нови промени, доколку ги има. Доколку корисникот и купувачот не се согласуваат со оваа Изјава за приватност, ги советуваме да заминат и да не пристапуваат и ја користат интернет страницата www.encimenci.com.mk. Промената на Изјавата за приватност стапува на сила веднаш по објавувањето на интернет страницата www.encimenci.com.mk. Продолжување на користење на интернет страницата www.encimenci.com.mk од страна на kорисникот, по стапувањето во сила на промената подразбира дека корисникот ги потврдува и прифаќа промените во Изјавата за приватност.

Facebook Twitter Instagram YouTube
Бесплатна испорака Прво купување Советувалиште Каталози