Product was successfully added to your shopping cart.

Упатство за нарачување

Како да купам нешто од Енци Менци продавницата?

  • Регистрирајте се
  • Изберете ги производите кои сакате да ги купите
  • Пополнете и пратете ја нарачката

Како да го пронајдам производот кој ми треба?

До производот кој го барате можете да дојдете:

  • Со преглед на категориите од менито,
  • Со пребарување по клучни зборови во нашата online продавница.

Преглед на категории подразбира листање на категории преку насловното мени на почетна страна. На пример, ако сакате да купите количка, одберете категорија опрем, колички, колички летни, колички системи... и одберете ја саканата количка.

Пребарување подразбира пронаоѓање на производ по основ на клучен збор - најчесто назив или категорија. Впишете го клучниот збор во предвиденото поле за пребарување и кликнете на копчето за пребарување. Ќе добиете листа на производи кои одговараат на зададените клучни зборови.

Регистрација

Регистрацијата подразбира пополнување на формулар со основни контакт податоци кои служат за потврда и праќање на нарачката. Во таа прилика одбирате и лозинка која сакате да ја користите за пристап до својот профил. Приватноста на податоците е загарантирана. Регистрацијата се прави само еднаш, а секој следен пат кога го посетувате сајтот encimenci.com.mk системот сам ќе ве препознае.

Доколку сакате, од сајтот можете да се одјавите во секој миг со избор на опцијата Одјава. Повторна пријава на сајтот можете да ја направите со избор на опцијата "Пријавете се", со наведување на вашата емаил адреса и доделената лозинка.

Производите се организирани по категории кои можете да ги погледнете кога ќе ја изберете опијата на саканите производи. Кога ќе го најдете производот кој сакате да го нарачате изберете го копчето "Додади во кошничка". Со тоа производот го додадовте во својата кошничка. Понатаму, слободно можете да продолжите со прегледување на производите, и во кошничката можете да додадете уште производи.

Што е кошничка?

Кочничката представува интернет сервис за купување, кој ви овозможува да купите по ист принцип како и со "вистинска кошничка" во продавница. Кошничката користи да ги изберете производите кои сакате да ги купите.

Додека ги прегледувате производите на сајтот можете да гу додавате во кошничката со клик на копчето "Додади во кошничка". На тој начин производите ќе бидат запамтени додека го прегледувате сајтот. Додавањето на производите во кошничка не ве обврзува тие производи да ги купите, а и може да се одстранат од од кошничката. Во секој момент можете да ја прегледате содржината на својата кошничка со кликнување на "Кошничка" која се наоѓа во заглавието на сајтот.

Опцијата "Листа на желби" се однесува на производите кои сте ги нашле, избрале и сакате во некој миг да ги купите, така што, всушност ги чувате вашите сакани производи, за да не ги пребарувате секој пат повторно. Листата на желби можете да ја најдете во "Мој профил" "Листа на желби".

Кога ќе завршите со изборот на производи, отворете ја страната за преглед на кошничката и кликнете на копчето "Нарачај".

Пополнете го формуларот за нарачување и кликнете на копчето "Понатаму". Потоа уште еднаш проверете ја својата нарачка и податоците кои ги имате испратено и потврдете ја нарачката.

Во овој чекор потребно е да ги наведете податоците на купувачот и адресата каде што е потребно да се испорача нарачката. Податоците на нарачателот се податоци кои ќе бидат наведени на сметката која ќе ви биде пратена заедно со нарачката. Доколку купите како физичко лице, наведете ги податоците од лична карта. Доколку нарачувате како правно лице (фирма) наведете ги важечките податоци од фирмата.

Податоци за местото на испорака се податоци каде сакате да ви ја испратиме нарачката. Ве молиме да ги наведете сите податоци колку што е можно попрецизно, за да можат куририте полесно да ве најдат. Во случај на неточно внесени податоци, може да дојде до враќање на вашата нарачка и поспора испорака.

Како да платам?

Интернет страната encimenci.com.mk ги подржува следниве плаќања.

  • Во готово, при превземање на пратката
  • Со општа уплатница
  • Вирмански или по електронски пат.

Како да проверам дали нарачката ми е испратена?

Најавете се на вашиот налог и кликнете "Мои нарачки". Ќе добиете преглед на нарачки со моментален статус.

Кога ќе завршите со изборот на саканите артикли и сакате да ја потврдите нарачката, кликнете на копчето “Потврди нарачка” и вашата нарачка ќе биде креирана. По ова задолжената особа од Енци Менци тимот ќе ве контактира телефонски поради потврда на нарачката. Во било кој момент можете да се вратите назад на пребарување на артикли и нивно одбирање со кликнување на копчето “Назад кон купување”.



ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Што да правам ако ја заборавам лозинката?

На страната за најава кликнете на "Ја заборавивте вашата лозинка?", треба да ја внесете вашата е-маил адреса и ќе добиете линк за да ја ресетирате вашата лозинка. Доколку не добиете е-маил за рестартирање на лозинката ве молиме да го проверите вашиот спам филтер.

Facebook Twitter Instagram YouTube
Бесплатна испорака Прво купување Советувалиште Каталози