Product was successfully added to your shopping cart.

За нас

Енци Менци синџирот на продавници, пред се наменет е за бремените мајки, родители кои имаат бебиња, т.е. деца до 8 години. Тоа е мулти-бренд синџир, кои има за цел да понуди најдобро купување во комбинација на квалитетни брендови, задоволувајќи ги сите потреби, започнувајќи од првите неопходни работи за новороденче, деца и родители.

Енци Менци синџирот на продавници, опфаќа простор со популација поголема од 9 милиони луѓе, во Македонија и Србија. Длабоко веруваме дека доколку квалитетот на робата е добар и услугата е на ниво, купувачот сигурно ќе биде задоволен. Затоа внимателно ги одбираме брендовите кои ги увезуваме. Во широката палета на нашиот асортиман се наоѓаат познатите робни брендови како што се: Chicco, Foppapedretti, Stokke, Peg Perego, Inglesina, Maclaren, Cangaroo, Moni, Ital Baby, Primi Sogni, BabyItalia, Taf Toys, Tolo, Vtech, Biox,  и уште многу други. Исто така, нашиот стручен тим, кој е сочинет од искусни продавачи, има чести обуки и тренинзи како во земјата така и во странство.

Навистина водиме сметка за потребите на купувачите, и се обидуваме да увезуваме најнови модели на опрема, мода, играчки... така што нашите купувачи секогаш би биле во чекор со светот. Тоа значи дека артиклите кои ние ги увезуваме, истовремено можете да ги најдете било каде во светот, Европа, но и во продавниците на Енци Менци.

Наша мисија

Внимание, нежност и бескрајна љубов која секојдневно ја даваме на нашите најмили во текот на нивното растење, и тоа како се памети. Нашата мисија е секое дете да го направиме среќно, да му обезбедиме да расте и да се развива на најдобар можен начин, со големо задоволство на родителите. Ние сме успешни, доколку нашите најмали се насмеани и уживаат во своето растење.

Брендови

Facebook Twitter Instagram YouTube
Бесплатна испорака Прво купување Советувалиште Каталози