Ова е многу важна фаза во животот на бебето и мајката. За новороденче прифаќањето на градите и цицањето не е само основна, физиолошка неопходност, туку, пред сe, тоа е моментот на поврзување со мајката, со многу емоции и голема блискост, аудитивни дразби, како и оние на вкус и мирис. Задоволувањето на оваа потреба носи длабоко чувство на благосостојба и смиреност и за детето и за мајката.



Доењето започнува само неколку минути по раѓањето и тоа е цицање, акција на новороденчето која го стимулира производството на млеко. Не постои конкретен момент кога доењето треба да се прекине. Доењето може да продолжи во текот на фазата на одвикнување, комбинирајќи го млекото со цврта или полуцврста храна која е од суштинско значење од 6 месеци па натаму. По овие препораки, одобрени од страна на Светската здравствена организација, доењето може да продолжи и по првиот роденден на детето.

Енци Менци Дел од Вашето Семејство.