Млечните заби се важни за јадење, зборување, смеење и подготовка за здрави стални заби.

Помогнете му на детето да ги стекне добрите навики врзани за забите.

Деца до 3 години

  • Чистете ги детските заби и десни со чиста ткаенина по секој оброк.
  • Штом се појават првите заби, чистете ги бебешките запчиња два пати дневно со мала мека четкичка. Не користете паста, туку само вода.
  • Еднаш месечно кренете ја горната бебешка усна за да ја проверите чистотијата. Погледнете ги од напред и позади горните четири заба. Ако видите бели или кафеави точки, носете го детето на лекар.
  • Ако бебето спие со шише, во неа нека биде само вода.
  • Кога бебето ќе биде способно да седи, почнете да му давате чаша за да вежба да пие од неа.
  • Никогаш не додавајте пченкарен сируп или засладувачи во бебешката кашичка.
  • Не ја ставајте во уста бебешката лажица или цуцла, така може да се пренесат бактерии.
  • Детето би требало да престане да го користи шишенцето помеѓу 18 месеци и 2 години старост.
  • На возраст од 2 години, започнете да го носите вашето дете на стоматолог на секој 6 до 9 месеци.

ПОМОГНЕТЕ МУ НА ДЕТЕТО ДА НАПРАВИ ДОБРИ НАВИКИ НА ИСХРАНА

  • На своето дете давајте му здрава храна и оброци како што се свежо овошје, сирење, млеко итн.
  • Додека ги планирате детските оброци консултирајте се со експерти.
  • Понудете му на вашето дете обична вода помеѓу оброците.
  • Ограничете ги овошните сокови и послужувајте ги само за време на јадењата.
  • Ограничете ги слатките и пијалоците со шеќер. Редовно мијте им ги запчињата по секој оброк.

Енци Менци Дел од Вашето Семејство.