Како да ја намалите појавата на алергија?

Доколку тестовите покажат дека бебето е алергично на некоја супстанца во домот, или од надворешната околина, или пак има знаци на појава на астма, пред сè намалете ја изложеноста на алергените кои тоа го предизвикуваат.

  • Доколку вашето дете е алергично на полен: Секогаш затворајте ги прозорите (доколку можете вклучувајте го клима уредот) во периоди кога концентрацијата на поленот е највисока. Во тие денови најнеповолно време за прошетка на вашето бебе е рано наутро, бидејќи тогаш конценрацијата е највисока. Бидејќи поленот е леплив, се препорачува кога ќе се вратите од прошетка, веднаш да го пресоблечете бебето или пак да го избањате.
  • Плишаните и полнетите играчки, кои собираат прашина, држете ги понастрана од бебешкото креветче или собата во која бебето спие.
  • Доколку вашето бебе е алергично на домашен миленик, а имате домашно животно за кое не можете да најдете нов дом, држете го понастрана од собата во која бебето спие.
  • Доколку бебето е алергично на мувла, тогаш отстранете ги сите извори на мувла од вашиот дом: најчесто мувлата се појавува во саксиите со цвеќиња, во туш кабината, фрижидерот…Кога ја чистите бањата, може да користите средство за избелување во мала количина, кое е ефикасно за отстранување на мувлата.
  • Забранете пушење во вашиот дом и во близина на вашето бебе. Предупредете ги сите оние кои ви помагаат во чување на вашето бебе да не пушат во негова близина.
  • Доколку сте во можност купете посебни филтри за клима уредот, кои ќе го спречат навлегувањето на поленот и прашината во вашиот дом.

Доколку не ви помогнат овие совети, и во зависност од возраста на вашето бебе и колку се јаки симптомите, тогаш разговарајте со педијатар за користење на одредени лекови како антихистамините.

Како да ја намалите појавата на егзема?

Атопискиот дерматитис е често но не секогаш поврзан со алергијата.

Кога лекарите ќе утврдат дека детето е алергично на некој вид храна, тогаш препорачуваат веднаш да се исклучи тој производ од неговата исхрана, но кога станува збор за егзема (атописки дерматитис), лекарите најчесто не ја знаат причината за неговата појава. Не постои лек за егземата, меѓутоа може да се контролира.

  • Најважно од сè е да го спречите воспалението на кожата и чешањето.Често бањајте го бебето во млака вода но не подолго од 10 минути. Користете благи сапуни наменети за хигиена на бебешката кожа.
  • После бањање на бебето, исушете го со нежно тапкање на пешкирот и потоа нанесете блага крема на бебешката кожа. Ова може ќе треба да го правите и до 5 пати во денот, но не се откажувајте!
  • Доколку егземот не се повлече, консултирајте се со лекар за користење на специјално наменети креми против воспаление на кожата.
  • За да ја спречите иритацијата на кожата кај бебето, секогаш облекувајте го во мека облека од природен материјал (памук) и секогаш користете благи детергенти за перење на облеката.
  • Сувиот воздух е причина за сушење на кожата, па затоа секогаш водете сметка до собата кај што спие бебето да има дволно свежина (доколку користите клима уред, чистете го редовно за да избегнете наталожување на мувлата).

Соработка со: Bebe Boom