Кога родителите го гледаат смеењето кај своите деца, тоа им го создава едно од најубавите чувства и целосно ги исполнува. Смеењето е корисно за целото семејство и помага во надминување на секојдневните грижи а воедно – дава чувство на блискост и полет.

Првите бебешки насмевки се од рефлексна природа, и не се поврзани со смислата за хумор. Всушност, смеењето кај бебето претставува мудар начин на зацврстување на врската меѓу родителот и бебето. Родителите се тие кои со големо задоволство се трудат да го засмејуваат своето дете, бидејќи нивната насмевка ја доживуваат како награда. А од друга страна пак, децата го добиваат потребното внимание.

Кај бебињата на 4-5 месечна возраст, нивните насмевки веќе преминуваат во вистинско смеење, а како растат, сè повеќе реагираат на смешни ситуации. Околу првата година децата се смеат на неочекувани настани, на пример ако нешто падне или пак ако родителот имитира некој глас на некое животно.

Вистинската смисла за хумор е комплексна појава и се развива преку голем број етапи како што поминуваат годините.

Смејте се постојано, смеењето е лек

Смеењето е лековито и тоа е научно докажано. Смеењето предизвикува низа на голем број биохемиски процеси во телото, што пак доведува до намалување на дејството на стресните хормони врз вегетативниот нервен систем. Покрај тоа, со смеење се зголемува создавањето на имуноглобулинот А кој го штити организмот од болести и инфекции.

Смеењето активира повеќе од 300 мускули истовремено, од оние на лицето, па се до мускулите на дијафрагмата и на екстремитетите. Докажано е дека децата живеат многу поздраво од своите родители кога ќе се земе во предвид дека се смеат и до 500 пати во текот на денот. Додека пак родителите ја губат способноста да се смеат, бидејќи со возраста почнуваат сè посериозно да ги сфаќаат работите во животот. Истражувањата велат дека возрасните се смеат десет пати на ден, па дури и помалку од тоа.

Соработка со: Bebe Boom