Кенкањето е делумно израз на немоќ. Ако му покажете дека може да добие што сака и дека може да смета на вас кога нешто ќе му затреба, ќе се чувствува помоќно и помалку ќе кенка. На пример, зошто да не може да земе столче за да си наполни вода во пластична чаша секогаш кога сака?

Кенкањето е мошне често кај децата кога ќе наполнат две години. Бебињата кои почнуваат за заодуваат, но не зборуваат, повеќе кенкаат како начин на комуникација. Тие не знаат дека тоа ги иритира возрасните, а не можат да зборуваат поинаку од што знаат. Бебињата и двегодишниците кенкаат повеќе ако имаат добра причина затоа.

Причини за кенкање
-Немаат доволно зборови за да комуницираат. За жал, фактот што детето повремено кажува зборови, не значи дека има пристап до богат речник, особено ако е мошне возбудено. Еден начин е, пред да научи да зборува добро, да го научите на знаковен јазик. Истражувањата покажуваат дека бебињата кои користат знаци, помалку кенкаат и имаат помалку испади. Тие, исто така, имаат поголем коефициент на интелигенција подоцна во животот, зашто знаковниот јазик ги зголемува јазичните способности.

-Изморени се. На бебињата им треба повеќе спиење, па пробајте да ги легнете порано – дури и смешно рано, како на пример во 18.30 – неколку дена за да ја забележите разликата. Бебето сигурно нема многу да кенка откако ќе се наспие добро.

-Фрустрирани се. Премногу фрустрација е стресна за детето. Можеби малку фрустрација е добра за вас, ве мотивира да преземете акција. Но, ако помислите на животот на детето, тоа постојано е бомбардирано од фрустрации: му се кажува што да прави, не може да направи кула од коцки, не добива уште едно колаче, чека да му помогнете околу нешто. Малите деца често се обземени од фрустрација. Ако чекате да му помогнете кога ќе побара помош, не го учите на ништо корисно. Само го потресувате дополнително.

Ако пристапите превентивно, ќе ја намалите фрустрацијата, како и тенденцијата да кенка. И, да очекувате од него да кажува зборови, кои ги доживува како странски јазик, кога веќе е фрустрирано, е премногу. Да го терате да каже „те молам“ кога е мало и кенкаво, не е добар совет. Има доволно време да ги научи манирите. Зошто да долевате масло на огонот? Ете, така родителите ги провоцираат испадите.

-Се чувствуваат немоќно. Бебињата престануваат да кенкаат кога ќе научат дека можат сами да ги задоволат своите потреби. Кенкањето е делумно израз на немоќ. Ако му покажете дека може да добие што сака и дека може да смета на вас кога нешто ќе му затреба, ќе се чувствува помоќно и помалку ќе кенка. На пример, зошто да не може да земе столче за да си наполни вода во пластична чаша секогаш кога сака?

-Здодевно им е. Бебињата кенкаат кога не знаат што да прават со себе. Зошто би му било здодевно на бебето? Па, светот е прекрасно место за истражување. Но, истражувањата покажуваат дека деца кои често гледаат телевизија имаат проблем да се заиграат сами со себе. Кога целосно ќе го исклучите телевизорот можеби ќе кенка некое време, додека сфати што да прави со себе.

Бебе Магазин