Контролата на породувањето е одраз на денешницата, време кога секој пар сам одлучува кога ќе започне со планирање на семејство – колку деца би имале, кое средство за контрацепција би го избрале и слично.

Зрелоста на една партнерска врска овие денови се проценува на основа на заедничките планови кои во иднина треба да се остварат. На планирање на семејство големо значење има и сопственото искуство од нашето примарно семејство, социјалното опкружување, културолошко, верско определување, како и политичката стабилност на земјата во која живееме.
Сите овие фактори влијаат на тоа кога еден пар ќе се почуствува подготвен да основа семејство. Одлуката за забременување и започнување семејство е индивидуален чин. Таа настанува од интерните, емоционалните врски кои се развиваат помеѓу партнерите. Исто така и приврзаноста која што партнерите ја чувствуваат помеѓу себе претставува темел за добар однос врз основа на кој се градат плановите за иднината.
Сето ова го сочинува почетокот на светот на родителите. Понекогаш постојат потешкотии бременоста да се да се планира и реализира, но во сите случаеви одгледувањето/чувањето на детето бара многу повеќе внимание, време и посветеност од тоа што ние го имаме примарно замислено.
Да се биде реално спремен за онаа друга состојба и да станеме родители, значи да бидеме спремни да се соочиме со ‘’новиот’’ живот којшто не очекува од тој момент. За сето ова не постојат некои пишани рецепти или правила, сето тоа е личен момент на секоја индивидуа.
Исто така сето ова не треба да го мешаме со материјалната, професионалната и социјалната егзистенција. Единствено нешто што влијае на донесувањето одлуки е биолошкиот часовник, којшто природата го створила како мал “помош од пријател“.
КАКО СЕ ПЛАНИРА БРЕМЕНОСТА
Репродуктивниот период е време на најголемо физичко и психичко созревање на човекот. Кога е во своето најголемо биолошко достигнување, човекот е спремен да подари нов живот.
Затоа секој пар кој планира бременост треба да ги анализира своите навики и постапки, да направи план на приоритетни измени и да почне да ги применува.
Ние ќе ви помогнеме на кои точки треба да посветите поголемо внимание.
Нека вашиот план почне да се реализира три месеци пред времето кога планирате да престанете со користење на средства за контрацепција. Кога сме веќе кај контрацепцијата, да напоменеме дека во случај да користите хормонска контрацепција, престанете и преминете на кондом, до моментот кога ќе посакате да забремените.
Во својот дневен распоред задолжително внесете некоја физичка активност, уште еднаш направите контрола на вашата исхрана, намалете ги маснотиите, зголемете ја исхраната со овошје, зеленчук, житарици, калциум.
Критички однесувајте се кон користењето на супстанции за кои мислите дека може да предизвикаат зависоност кај вас самите, поради тоа што тие супстанции се голем непријател на плодноста, предвременото породување и слично.
Затоа ако сте стравствен пушач, пробајте да го намалите бројот на испушени цигари дневно, во случај да не можете да престанете да пушите. Ако секојдневно користите алкохол тоа задоволство треба да го отстраните и да престанете со таа навика. И на крај задржите се само на една чаша кафе дневно.
Дали сте знаеле дека жените кои пијат повеќе од една шоља кафе дневно поспоро забременуваат?
Доколку почувствувате дека забременување ви оди тешко или ви се чини дека тоа во вашиот случај е невозможно, тогаш побарајте стручен совет и во тој случај побрзо, поефикасно и со помалку тешкотии ќе најдете излез од настанатата ситуација.
Избегнувајте ги куќните обврски во кои се користат хемикалии кои испрауваат, немојте да ги чистите местата каде што вашите домашни миленичиње спијат, не дигајте и не поместувајте тешки работи.
Закажете преглед кај вашиот доктор за да ја прегледате сопствената здравствената ситуација и онаа на вашиот партнер. Доколку користите некои лекови како редовна терапија конслутирајте се со својот доктор дали тие исти лекови имаат некое дејство брз вашата плодност или врз формирање на плодот. Лековите користете ги замо доколку ви ги одобри вашиот доктор.
ПРЕГЛЕДИ ПРЕД БРЕМЕНОСТА
Пред бременоста и двата партнери треба да направат систематски преглед (мерење на крвниот притисок, нивото на шеќер во крвта, мерење на телесната тежина …).
Гинеколошкиот преглед ги открива дилемите дали постојат некои гинеколошки препреки за зачнување.
Доколку гинеколошки се е во ред, а после една година неможете да забремените, во тој случај се посетува ендокринолог кои ги прави потребните анализи на двајцата партнери.
Соработка со: Bebe Boom

Доење и хранење
Играчки
Козметика
Опрема
Мода
Outlet
ПРОМО
Беби Клуб
