За разлика од мајките кои имаат вроден мајчински инстинкт, кои за време на својата бременост одговорно учат, читаат литература и на некој начин “природно” се подготвени да бидат мајки, кај мажите не е случај. Добрата вест за вас е дека и татковците брзо учат, па затоа не грижете се премногу. Многу прашаеа имаат новите татковци, но дел од најпоставуваните се следниве:

Дали доењето претставува најдобар начин за хранење на бебето?
Татковците кои го очекуваат раѓањето на бебето знаат дека доењето е најдобар начин за негова исхрана во првите неколку месеци. Мајчиното млеко ги содржи сите потребни хранливи состојки кои му се потребни на бебето за да може здраво да расте и да се развива. Исто така мајчиното млеко ги намалува можностите од разни болести и алергии.
Доењето има свои предности за детето и на психолошка страна, бидејќи при доењето, детето ја чуствува близината на мајката, а со тоа има и поголема сигурност, нежност, внимание и утеха, што пак овозвожува здрав психички развој на детето.
Исто така мајчиното млеко е бесплатно, тоа не бара никакво предходно подготвување, а пак претставува најдобар начин за бебето да се поврзе со својата мајка. Изметот на бебето кои се дои мириса поубаво од оној измет од бебе кое се дохранува.
Имам чуство дека мојата жена по цел ден го дои нашето бебе, се чуствувам запоставено. Дали е тоа нормално?
Поголем дел од татковците се чуствуваат поинаку отакао бебето ќе се роди. Не е дека татковците не го поддржуваат доењето на бебето, но за нив самиот чин на доење и посветување на целото време на сопругата околу бебето, може да значи запоставеност. Доењето претставува продолжување и подобрување на односот помеѓу мајката и бебето, односот кој што е започнат додека бебето се наоѓа во стомакот на мајката.
За татковците кои добиле бебе кое цица, најчесто се чувствуваат вака:
- Се грижат дека потешко ќе воспостават врска и однос со бебето
- Чувството на нееднаквост, чувството дека што и да правите, никогаш нема да биде исто колку што вашата сопруга допринесува
- Чувство на бес што бебето физички застана помеѓу вас и вашата сопруга
- Веруваат дека мајките кои го дојат своето бебе имаат поголеми познавања и вештини кои автоматски ги прави да бидат подобар родител
Дали можам да помогнам при доењето?
Секако дека можете и треба да помогнете. Немојте да се откажувате и да стоите настрана од тоа, само затоа што мајката во моментот претставува извор на храна за бебето. Колку е подобар одност помеѓу партнерите, толку подолго жената може да го дои своето бебе и ќе се чуствува посамоуверено што го дои.
Како да и помогнам на мојата сопруга додека го дои нашето бебе?
- Поддржете ја сопругата и бидете грижливи – Доењето не е лесна работа, затоа превземете некои од домашните задачи и помагајте и на сопругата кога ќе бидете во можност. Додека го дои бебето донесете и една перница и чаша вода, или пак може да се понудите да го земете бебето кога тоа ќе престане со цицање.
- Потрудете се што можете повеќе физички да бидете блиску до вашето бебе – Галењето, капењеро и читањето се одлични активности за подобрување на вашиот однос со бебето. Со тоа ќе добиете прилика и физички да се поврзете со вашето бебе на повеќе начини.
- Поминувајте што повеќе време со бебето – Времето поминете го во шетање со количка, ставете го во кенгур и одете да пазарувате или едноставно играјте си со него. Ова ќе ви даде можност да поминете повеќе време со вашето бебе, а пак тоа дружење ќе ви ја зголеми вашата самодоверба дека вие сте добар родител.
- Хранете го вашето бебе од шише со мајчино млеко – Доколку вашата сопруга може да го подготви мајчиното млекото во шише, тогаш можете да го научите бебето да пие од шише и со тоа вие да го превземете хранењето на бебето во текот на вечерта за да може мајката малку да се одмори. Вашата жена за овој гест ќе ви биде премногу благодарна – проверете!!!
Соработка со: Bebe Boom

Доење и хранење
Играчки
Козметика
Опрема
Мода
Outlet
ПРОМО
Беби Клуб
