Во последните неколку години, советите на стручните лица за потребната старост за воведување на немлечна храна кај доенчињата значително се сменија. Оваа промена е резултат на темелните истражувања и сознанија дека многу хронични болести се последица на предвременото дохранување.
Со дохранување треба да се почне не пред четвртиот месец и не после шестиот месец од животот на доенчето. Не треба да се почне пред полни четири месеци поради недоволната зрелост на организмот на доенчето, но не треба да се чека и после шестиот месец, затоа што млечната исхрана не ги задоволува сите нутритивни потреби на доенчето во таа возраст.

Не помалку важен е и фактот дека во таа возраст доенчето е подготвено за прифаќање на новата техника на хранење со лажичка, како и за привикнување на новите вкусови на храната.
Овој временски интервал се совпаѓа со појавата кога на доенчето млекото веќе не му е доволно како храна (почнува ноќното будење) и во тоа време кога невролошкиот развој достигнува таков степен да детето може да прифати и голта густа храна. Доенчето е спремно за дохранување кога ја држи главата исправено, ги става рачињата во уста и ја прифаќа кашичката без рефлексното исфрлање.
Нека никаква корист ако цврста храна се дава прерано, бидејќи системот за варење на доенчето не е подготвен да ја прифати и свари. Затоа е важно да го следите вашето бебе, да ги препознавате неговите желби и потреби и сигурно нема да згрешите. Воведување на цврста храна значи повеќе месечно настојување да го научите вашето бебе на различни вкусови, а тоа обично трае до осумнаесет месеци старост, а некогаш и подолго. Ви предлагаме да воведете житарици во исхраната на вашето бебе, ако веќе има наполнето четири месеци и почна почесто да се буди ноќе.
Житарици
Во оваа група спаѓаат: ориз, пченка; пченица, јачмен и овес.
Во житариците е присутна голема количина на јаглени хидрати, кои се добар извор на енергија. Во лушпата се наоѓаат влакнести материи, кои имаат значајна улога во одржување на функцијата на гастроинтестиналниот тракт. Добар извор се на витамини од Б-групата. Житариците содржат мала количина масти и минерали. Обично се комбинираат со производи од животинско потекло, со што се подобрува аминокиселинскиот состав(кекс со млеко, попара со сирење, качамак со млеко). Можат да се комбинираат и со овошје.
Во текот на денот на доенчето може да му се дадат толку лажици житарици колку што има наполнето месеци.
Житариците треба да бидат добро сварени или на друг начин термички обработени, што во просек трае околу 30 минути. Денес постојат и инстант житарици, кои не мора да се варат.
На доенче до шест месеци старост треба да му се даваат житарици без глутен збогатени со железо. Затоа е добро на бебето да му се даваат житно-млечни каши, кои се без глутен, а во својот состав имаат адаптирано млеко, или не. Покрај тоа, инстант житариците имаат широка палета на вкусови-различно овошје, чоколада, ванила и др.
Од 5-тиот месец се препорачува воведување на оризови или пченкарни инстант кашички, во комбинација со мајчино или адаптирано млеко. Овие млечни каши содржат многу благи состојки и не содржат глутен.
Идеално време за овој оброк е 30 мин.до 1 час пред вечерното капење, или последното доење (или последното шишенце, за бебињата кои се хранат со адаптирано млеко).
Со полни осум месеци во исхраната на бебето се воведува доручек. Тој се состои од кисело-млечни производи во комбинација со различни житарици, како што е попара со сирење, палента со сирење или јогурт или јогурт со инстант житарици.
Како ги воведуваме житариците:
- - 5 и 6 месеци, ориз и пченка
- - 7 и 8 месеци, пченица, јачмен и просо
- - 9 месеци, леб, кекс и гриз
- - 10 месеци, тестенини
Енци Менци Дел од Вашето Семејство!