Ако сте едни од оние “за прв пат” родители на кои негата за бебињата им е на прво место и се грижат сето тоа да е направено “по книга”, тогаш е време да погледнете неколку одговори за тоа како правилно се води грижа за бебешките нежни ноктиња.
Постои ли посебен прибор за нега на бебешките нокти?
Да.
Постојат специјално ножички со рамни врвови како и мала грицкалка.
За бебето секогаш треба да купите нова грицкалица или пак ножички кои ќе ги користите само за него; немојте да го користите вашиот прибор или пак приборот од постарото дете.
Моето бебе се роди со долги нокти, кога може да ги исечам?
Бебињата често се раѓаат со долги нокти кои им сметаат бидејќи со нив несвесно се гребат. И покрај таа причина, ноктите на бебињата не смеат да се сечат се додека тие не наполнат две недели. За да не допуштите тие да се гребат, треба да им купите специјално направени ракавици за новороденчиња.
Како правилно се сечат ноктите на бебињата?
Ноктите се сечат еднаш неделно и тоа на следниов начин:
- 1. Измијте ги вашите раце со вода и сапун
- 2. Седнете го бебето во вашиот скут (доколку е немирно најдобро е да му ги сечете додека тоа спие). Најдобро време за сечење на ноктите е после капење.
- 3. Избришете ги ножичките со алкохол, а исто и ноктите на бебето
- 4. Повлечете го “перничето” од прстот, да се раздови од ноктот
- 5. Со едната рака држете ја дланката на бебето а со другата сечете
- 6. Ноктите се сечат право и рамно
Соработка со: Bebe Boom