Дали алергијата е честа појава?

Бројот на деца со егзема (воспаление на кожата), алергија и астма се зголемува секоја година. 

Некои експерти тврдат дека причината за нивната појава е недоволната хигиена.

 

Што треба родителите да прават?

Експертите не се сложуваат дека само со доењето може да се спречи појавата на алергија, егзема или астма. Понатака во исхраната на бебињата, покрај доењето може да се појави алергија на одреден вид на храна. Но, доколку порано утврдите дека вашето бебе е алергично на нешто, можно е да успеете во намалување на шансите понатака да се развијат и други видови алергии на храна, полен, како и астма.

Што да направите доколку вашето бебе има алергиска реакција на убод од инсект?


Убодот од инсект е болен само првите неколку минути, а симптомите кои се појавуваат потоа се црвенило на местото на убодот, оток и чешање. Меѓутоа мал е бројот на луѓе, вклучувајќи ги и децата кои имаат јака алергиска реакција на убод од инсект. Во моментот на јака алергиска реакција, имунолошкиот систем произведува хистамин, се јавуваат потешкотии во дишењето, вртоглавица, мачнина, губење на свеста и појава на јак оток кој може да се прошири и на другите делови од телото, на пример на лицето или по рацете.

Како да утврдите што е можно порано дали вашето бебе е алергично?


Иако постои верување дека децата помлади од две години не може да имаат алергиска реакција, бидејќи не се доволно изложени на алергени, востановено е дека дури и бебе од 6 месеци може да пројави алергија на мувла, прашина, полен или на животни.

При откривање дали бебето има алергија, треба да обрнете внимание на симптомите, и секако да посетите лекар кој најдобро би го утврдил тоа.

  •     Фамилијарно стебло. Доколку еден од родителите има алергија или астма, шансите да ги има и детето се 50%. Ако и двајцата родители имаат алергија, тогаш шансите се зголемуваат за 70 до 80%. Ако бебето има симптоми на настинка-водени очи, течење на носот (постојано го чешка или трие), кивање-подолго од две недели, тогаш највероjатно е во прашање алергиска реакција.
  •     Бебињата со алергија може да имаат и темни кругови околу очите и се склони на инфекции на ушите-секогаш обрнете внимание на овие два симптома.
  •     Алергија на одредени супстанци од околината, како и храната може да се тестира кај бебе кое наполнило 6 месеци. Најдобри тестови за откривање се брзите тестови на кожа, додека пак тестовите со земање на примерок од крвта се подолги за чека.


Соработка со: Bebe Boom