Вода

Најчесто прашање од страна на родителите е до кога на бебињата треба да им се дава превриена или специјална вода. За бебиња до шест месечна возраст, без исклучок, се препорачува да им се дава само превриена вода. Но со оглед на тоа дека квалитетот на водата е со променлив квалитет, и зависи од водоснабдувањето и состојбата на водоводните цевки, треба да бидете внимателни со тоа каква вода ќе им давате на бебињата. Се препорачува на детето се додека не наполни една година да се продолжи со давање на превриена вода.

 

Чај

Чајот, исто така претставува одличен пијалок за децата. Првенствено претставува лек за жедта, посебно за оние деца кои одбиваат обична вода поради недостигот на мирис и вкус. Секогаш внимавајте чајот да го приспособите на возраста на бебето. Не се препорачува засладување на чајот, особено, ако детето нема наполнето една година.

Сок

На бебињата кои се на помала возраст до 4 месеци, треба само по потреба да им се дава сокови специјално наменети само за нивната возраст. Ако детето има повеќе од 8 месеци, тогаш можете да му дадете домашен свежо исцеден сок но не треба да биде засладен. Сокот може да го разредите со превриена или специјална вода.

Газирани пијалаци

Газираните сокови треба целосно да се исклучат. Не смеете да им ги давате на децата, бидејќи содржат висока концентрација на рафиниран шеќер и хемиски адитиви кои се многу штетни за детскиот организам. Кај децата вкусовите се формираат до нивната четврта година, па ако во овој период постојано им давате газирани сокови, потоа тешко ќе ги одвикнете од нив. Поради нивниот сладок вкус, децата брзо ги засакуваат газираните сокови и постојано ќе ви бараат.

Соработка со: Bebe Boom