Сомелете го свареното пишеко или мисиркино месо. Додајте жолчка и 1-2 лажици пченично брашно и од ова направете кнедли. Испечете ги на масло за готвење. Ставете во лонецот една лажица масло и лажица брашно. Кога ќе пожолти, додајте сок од домати и малку вода. Кога ќе проврие, додајте ги кнедлите од месо. Гответе уште 10 минути. Со вака подготвените кнедли може да се понуди и пченкарен гриз или пире од компир помешан со варен морков.
Брзи рецепти за бебе од 10 – 12 месеци

Соработка со: Bebe Boom