Здрави навики и вежбање
Поголем број од новопечените мајки сакаат што побрзо да се ослободат од вишокот “труднички” килограми, но за жал мораме да кажеме дека непостои магија за тоа да се реши веднаш по породувањето. Сепак со здрави навики и исхрана и со редовно вежбање можете да го достигнете изгледот кој што сте го имале пред вашата бременост. Новопечените мајки за разлика од другите жени треба да бидат свесни дека им се потребни одредени хранливи материи, за да мајката и бебето бидат потполно здрави. Листа на храна која морате да ја внесувате во вашето тело додека се грижите за вашето бебе. Истата ќе ви помогне да ја вратите вашата енергија.
1. Внесувајте протеини, а не јаглехидрати

Храната која содржи протеини содржи хормони кои се “борат” против гладот и вас ве прават сити, многу повеќе отколку кога внесувате јаглехидрати. Исто така, многу извори на протеини како што се риба, говедското месо, јајца, богати со железо и витаминот Б12 ви ја враќа енергијата (што на новите мајки им е повеќе од потребно!).
2. Изборете се со намалениот имунитет
Траумата и стресот после и за време на породувањето, можат да влијаат на тоа да имунолошкиот систем реагира преку некое внатрешно воспаление. Помогнете му на вашиот организам да се избори со намалениот имунитет и затоа конзумирајте вистинска здрава храна. Во секојдневната исхрана нека ви бидат вклучени зелениот чај, овошјето, а избегнувајте го преработениот шеќер кој го покачува нивото на шеќер во крвта и предизвикува опаѓање на имунитетот.
3. “Произведувате” млеко
Доколку доите, поголем број од експертите кажуваат дека дневно треба да внесувате плус 500 калории во однос на вашите предходни стандардни оброци. Пијте доволно вода, јадете храна богата со растителни влакна и избегнувајте алкохолни пијалоци. Водете грижа што јадете, бидејќи се што јадете го внесува и вашето бебе преку доењето. Па доколку приметите дека бебето има дијареа, гасови или има осипи по телото, тоа може да биде последица на алергиска реакција на одреден вид храна.
Доколку имате “недостаток” на млеко, некои мајки, но и експерти, сметаат дека некои билки како што се камилица, анасон го стимулираат “производството” на млеко. Секако пред да почнете да ги конзумирате овие чаеви задолжително консултирајте се со вашиот доктор.
4. Внесувајте ги сите витамини!
Посебно внимавајте на витамините кои ви се од најголемо значење за вашиот организам.
Витамин А се губи во големи киличини за време на доење. Дневно треба да внесувате околу 1300 микрограми од овој витамин преку храна како што е спанаќот, морковот…
Витамин Ц исто така се пренесува преку млекото, затоа е потребно да внесете околу 120 мг. дневно. Добри извори на овој витамин се црвената пиперка, портокалите и брокулата.
Витамин Д ги зајакнува коските и ја заштитува кожата од сончевите зраци, меѓутоа многу мајки поголемиот дел од денот го поминуваат во затворени простории, па поради тоа потребно е дневно да внесувате околу 5 мг. од овој витамин. Јадете јајца, печурки, млеко…
Витамин Е е добар за циркулација и дневно треба да внесете околу 19 мг. Овој витамин најмногу го има во оревите, бадемите лешниците, јајцата и семките.
Калиум – поголем дел од мултивитаминската храна не го содржи овој минерал кој пак помага во намалување на крвниот притисок. Потребно е да внесувате околу 3500мг. Најмногу го има во банани, диња…
5. Важно е внесувањето на калциум
Иако постојат некои дебати околу тоа колку калциум треба да земаат жените кои дојдат, според актуелните препораки количината која што треба да се внесува треба да биде иста за сите жени (без разлика дали се бремени, дали дојат или не).
За цврсти заби и коски, потрудете се да внесувате доволно ниско калорични млечни производи, но и друг вид на храна богата со овој минерал, како што се смокви, грав, грашок и зелена салата.
6. Откријте ја магијата на рибното масло
Омега 3 масните киселини од риба и додатоците на рибиното масло го подобруваат, когнитивниот и моторичкиот развој на бебето како и развојот на слухот. Мајчиното млеко богато со “добри” омега 3 масни киселини – DHA и АА се заслужни за развојот на мозокот кај новороденчето. Препорачливо е од 0,3 до 0,5 грама DHA на ден, а најдобар извор за тоа е лосос, туна и ореви. Исто така, DHA не е добар само за деца – кај мајките се намалува можноста за појава на постпородилна депресија!
Соработка со: Bebe Boom

Доење и хранење
Играчки
Козметика
Опрема
Мода
Outlet
ПРОМО
Беби Клуб
