Бебињата и децата се повеќе склони на дехидрација отколку возрасните луѓе. Доколку бебето дехидрира тоа значи дека во организмот има помалку течности отколку што е потребно. Дехидрацијата кај едно бебе може да се јави поради многу причини, но како најизразени се губењето на течности поради појава на пролив, повраќање, треска или прекумерно потење.
Доколку се работи за мал степен на дехидрација тоа не е страшно и тој недостаток на течности во организмот може лесно да се надокнади, но ако се работи за умерена или тешка дехидрација тогаш тоа е сериозен проблем и мора да посетите лекар.

Како да ги препознаам знаците на дехидрирање кај бебето?
Некои од следниве знаци покажуваат дека бебето дехидрирало, односно ги покажуваат почетните симптомиза недостаток на течности во организмот:
- Пелените се потполно суви и после шест часа
- Урината е со темна боја и има поинтензивен мирис од вообичаено
- Летаргија – состојба слична на длабок сон, при што пулсот и дишењето се речиси незабележливи
- Премногу сува уста и испукани усни
- Нема појава на солзи кога бебето плаче
Симптомите за појава на блага до умерена дехидрација се зголемена жед, замор и нервоза, сува уста и јазик, нормално до зголемено отчукување на срцето и пулсот, нормално до забрзано дишење, ладни екстремитети, намалено мокрење.
Знаци кои покажуваат на сериозен степен на дехидрација се следниве:
- Воспаление на очите
- Рацете и стапалата се ладни
- Прекумерна поспаност и вознемиреност
- Мокрењето на бебето е минимално
Што да направам во случај на појава на дехидрација кај бебето?
Превземете ги сите мерки за да ја спречите појавата на дехидрација. Меѓутоа доколку се случи вашето бебе да дехидрира, тогаш јавете се кај вашиот лекар за да се консултирате и да ве советува дали е потребно да го однесете вашето бебе на преглед.
Секогаш имајте во предвид дека кога се работи за бебе многу брзо може да се појават знаците на сериозна дехидрација, па поради тоа не треба да ги занемарувате почетните симптоми. Во случај на сериозен недостаток на течности потребно е веднаш да отидете кај вашиот лекар!
Како да ја спречам дехидрацијата кај бебето?
Запомнете дека мајчиното млеко во првите шест месеци од животот на бебето ги задоволува сите потреби за исхрана и потребите за течност бидејќи содржи дури 88% вода. Па затоа во првите месеци нема потреба на бебето да му се дава дополнително количество на течности, освен ако вашиот педијатар не ви каже поинаку.
Меѓутоа кога бебето ќе почне да јаде и друга храна освен мајчиното млеко, дополнителното внесување на течности секако дека е неопходно, особено во текот на топлите денови и кога бебето е болно. Најдобар избор е секако нискоминералната вода, бидејќи од соковите детето може да чувствува уште поголема жед.
Бидете особено внимателни во некои од следниве случаи:
Бебето има температура – Доколку бебето има зголемена температура, дајте му повеќе течности и покрај тоа што може да се случи да има проблеми со голтањето.
Дијареа – Доколку бебето има проблеми со дебелото црево може да се случи да изгуби премногу течности преку столицата и евентуално преку повраќање. Во тој случај најдобро е да му давате мала количина на вода или мајчино млеко, но во тој период немојте да му давате овошен сок бидејќи така може да се влоши состојбата на бебето. Исто така немојте да му давате никакви лекови без предходна консултација со вашиот лекар.
Повраќање – Различните вируси и цревните инфекции може да доведат до повраќање. Во тој случај постои опасност бебето да дехидрира. Пробајте почесто да му давате помали количини на течност, а исто така добро би било да се консултирате со вашиот лекар. Избегнувајте да му давате поголема количина на течности бидејќи така неговата состојаба може само да се влоши.
Одбивање на течности – Може да се случи бебето да одбива да пие течности доколку грлото му е воспалено и поради тоа има потешкотии при голтањето. Во овој случај консултирајте се со вашиот лекар и исто како кај потењето така и кај појавата на дијареа, давајте му помали количини на течност.
Потење – Прекумерната активност, високите температури во текот на летото или престојот во топли простории, доведува до прекумерно потење кај децата. Во тој период почесто доете го вашето бебе или пак давајте му повеќе течности од вообичаено.
Соработка со: Baby Boom

Доење и хранење
Играчки
Козметика
Опрема
Мода
Outlet
ПРОМО
Беби Клуб
