Доаѓањето на второто дете е прекрасно и возбудливо случување, но што се случува со првороденото дете кое одеднаш престанува да биде единец и станува поголем брат или сестра? Без оглед дали вашето дете има две, четири или десет години, треба да помине период на приспособување и подготовка за доаѓањето на новото бебе. За среќа, постојат некои работи што вие како родители можете да ги направите за да ги подготвите децата за нивната нова улога. Еве неколку совети. Постарите браќа и сестри се посебни. Често повторувајте им колку е важ-на и сериозна нивната нова улога, како за нив самите, така и за вашето семејство. Исто така, постојано кажувајте им колку вам ви се потребни.

Постарите браќа и сестри се посебни. Често повторувајте им колку е важна и сериозна нивната нова улога, како за нив самите, така и за вашето семејство. Исто така, постојано кажувајте им колку вам ви се потребни. Задавајте им посебни должности, во согласност со нивните години и можности и укажете им на фактот дека нивниот помал брат или сестра навистина имаат потреба од нив. Ако детето е помало, задавајте му некои полесни задачи, како што се додавање пелени, креми, облека за бебето и слично. Помогнете му на вашето дете да научи да ја цени помошта што ја барате од него. Истовремено не претерувајте со зачестените приказни за бебето. Вашето постаро дете е уникатно, посебно и треба да биде сигурно во вашата љубов. Не планирајте и не воведувајте големи промени - ова е време кога на детето му треба сигурност и рутина. Големи промени, како што е одвикнување од пелени, преместување од една во друга соба и слично, не се препорачливи бидејќи може да предизвикаат стрес како кај детето, така и кај целото семејство.

Ако се уште го доите постарото дете, нема никаква причина да престанете за време на бременоста или кога ќе се роди бебето. Многу мајки имале можност да согледаат дека доењето во тандем е вистинска благодат и прекрасен начин на зближување на децата. Кога детето ќе согледа дека се уште за него има место во вашиот скут, помали се шансите да биде љубоморно на бебето. Разговарајте со постарото дете бидејќи децата разбираат многу повеќе отколку што ние мислиме. Поминете заедно одредено време разговарајќи за големото случување - кажете му што ќе се случи кога ќе одите во породилиштето, каде ќе биде тоа за тоа време и што се може да очекува. Ако планот на породувањето вклучува раѓање дома или во родилиште кое што дозволува присуство на другите членови на семејството, размислете за тоа и вашето постаро дете да биде дел од одборот за пречек на новото бебе. Децата што се покрај мајката во моментите на породувањето, веројатно многу побргу ќе го прифатат бебето како дел од семејството, наместо да го доживеат како натрапник.

Енци Менци Дел од Вашето Семејство.