Тоа е акутна, заразна, блага болест честа во детска возраст. Обично заболуваат деца од 5 до 10 години, но може да заболи и новороденче и возрасна личност. Предизвикувач на болеста е херпес вирус, кој живее во човечкиот организам. После прележана болест, имунитетот е доживотен.

Лесно се пренесува преку воздух, капки, кивање, говор, кашлање, но и со допир на предмети кои се заразени ( детски играчки, прибор за јадење). Највообичаено оваа болест се јавува во касна есен или во зима.

Инкубацијата ( време на почеток на заразата до појавата на симптомите) трае од 10 до 23 дена.

Почетокот можи да биди со покачена температура, слабост, повраќање, многу често прв знак на болеста е осип по кожата. Осипот избива во косата, на вратот, лицето, трупот со чешање. Осипот можи да се појави и на очите, кај увото, грлото, гениталиите. Можи да има со нсамо некои промени по кожата, но можи да има и многу осип. Децата ќе бидат вознемирени и ќе имаат чешање.

Карактеристично е што има различни осипи, од променливи мали црвени кругови, па се до промени на кожата кои се карактеристични за варичелата врз кои со сигурност можи да се постави дијагнозата, а тоа се везикули, мали меури исполнети со течност. Понатаму меурите пукаат, се прави краста, која покасно паѓа и останува или ожиљок или настанува промена на кожата која е посветла од останатата кожа. Осипот избива вообичаено за 7 до 10 дена.

Во еден момент на кожата можи да ги има сите видови на промени, но некогаш неможе да се видат везикули, па дијагнозата е отежната. Тогаш, доколку се сака да се провери сомневањето за варичела, се прави крвна анализа на антитела на оваа болест. Компликациите релативно ретко се гледаат. Детето можи да има воспаление на плуќа (појава на зголемена температура, кашлање, омалаксаност) заболување на срцевиот мускул, зглобовите, џигерот...

Најтешко заболување е воспаление на мозокот и мозочната кора која е пратена со зголемена температура, немир, грчеви, промена на свеста. Тоа е тешка состојба, која за среќа многу ретко се појавува. Промените на кожата со чешањето можи да се инфицираат со бактерии, па се создаваат жолтеникави, гнојни наслаги, а постои и облек на меурчиња кои се исполнуваат со крв.

Како се лечи варичелата? Пред се треба да се знае дека болеста е блага и добро би било личноста да ја прележи во детскиот период бидејќи покасно болеста е потешка. Детето треба да биде изолирано од околината, и да му се пружи мирна атмосфера во куќата. Хранењето ќе биде вообичаено со монгу одмор. На пмалите деца можи да му се стави нараквици за да се спречи чешањето и пренесувањето на инфекцијата. Детето можи нормално да се капи, можи и косата да му се мие. Во капењето можи да се стави и раствор од сода бикарбона ( едно шољче на цела кадичка со вода). Во аптека можи да се купи талк кои ги сушат промените на кожата и да се намали чешањето. Ако детето има температура (поголема од 38,5°C ) треба да се дава сируп за температура. Ако се појават компликации кај детето, веднаш да се однеси на лекар. Детето е заразно додека се создава осипот, после тоа детето можи да се дружи со и дасе меша со други деца. Препорачливо е ( доколку е возможно) детето да биде без контакт со други лишности уште некој ден, бидејќи во процесот на рековалесценција не му требаат додатни инфекции.

Вирусот останува во телото доживотно и во некои моменти кога ќе опадне отпорноста на организмот можи да се појави херпес зостер.

Во колективите каде можи да се појави оваа инфекција се спроведува дезинфекција заради спречување на ширење на заразата.

Важно е да се запомни дека оваа болест е блага и непотребно е да се загрижувате премногу доколку детето ја добие.

СОВЕТ НА ХОМЕОПАТИТЕ: Во хомеопатијата постојат лекови кои можат да ги намалат тешкотиите при појавувањето на осипот. Хомеопатот го одредува типот на лек према промените на кожата и општите карактеристики на пациентот во тој момент. Лекови не се применуваат на кожата, туку се земаат орално.

Хомеопатот ќе ве посоветува дали е потребно детето воопшто да зема некои лекови, бидејќи нашиот организам (кога добро функционира) е способен и со свои механизми да ја елиминира болеста и лесно да ја совлада. Поштовајте го својот организам и слушајте го што ви зборува.