Промената на кожата во регионот на пелените може многу да варира од благо црвенило, преку осип на самото место, па се до отекување на кожата и гнојни рани. Сите овие промени може да се окарактеризираат како пеленски осип.

Кои се симптомите на пеленскиот осип?

  •     Тоа најчесто започнува со лесно црвенило во пределот на пелената
  •     Обично не ги зафаќа деловите од телото каде има кожни набори
  •     Кожата станува потемна, чуствителна, болна и топла при допир
  •     Деловите околу газето и горниот дел од бутовите може да бидат зацрвенети
  •     Може да се развијат и ограничени делови на сува и перутава кожа
  •     Може да се јават и пликови, кожата да почне да се лупи и да стане премногу, болно чувствителна
  •     Во најтешки случаи, промените на кожата може да резултираат со загнојување


 
Кога се јавува пеленскиот осип?

Пеленскиот осип може да се појави во секое време. Меѓутоа, постојат и одредени периоди во кои бебењата се многу чувствителни:

  •     Периодот на преминување од доење на хранење од шише
  •     Појавување на првите забчиња
  •     Воведување на немлечна храна во исхраната
  •     Првите оброци од кравјо млеко
  •     По третман со антибиотици


Кои се причините за појавување на пеленски осип?

Најчесто го предизвикува контактната иритација или локална кожна инфекција која се јавува како последица на размножувањето на различните бактерии (најчесто Staphylococcus aureus) и габите (најчесто Candida albicans).

Причини:

  •     Ретко менување на пелени
  •     Недоволно чистење на кожата од остатоците на урината и изметот
  •     Употреба на антибиотици
  •     Дијареа
  •     Пречувствителност на храна
  •     Хемиските состојки на пелените за еднократна употреба
  •     Хемиските состојки на детергенти и омекнувачи при користењето на платнени пелени
  •     Влажна и топла средина во текот на летото


Локалната кожна инфекција предизвикува габи од внатрешните органи кои доаѓаат во контакт со оштетувањата на кожата и предизвикуваат габичен осип. На гениталното подрачје кожата е благо отечена, на допир е груба, а во пределот на пелените обично црвена. Кај вакви промени задолжително треба да се обратите кај педијатар кој по прегледеот ќе ви предложи соодветна терапија.
Кога е потребно да се конслутирате со лекар?

  •     Доколку бактериите навлезат во оштетената кожа, доаѓа до импетиго пеленска алергија. На кожата се појавуваат пликови, кои со текот на времето преминуваат во красти кои имаат боја како мед.
  •     Доколку осипот не се повлече за два или три дена, а вие веќе ги имате превземено сите мерки
  •     Доколку постои осип и на другите делови од телото, а бебето има зголемена телесна температура и повраќа
  •     Доколку во исто време има дијареа и осип на кожата
  •     Доколку кожата е отечена, или забележувате присуство на гнојни рани, пликови или красти


Како да го спречите појавувањето на пеленската алергија?

Менувајте ги пелените веднаш после мокрењето на бебето, дури и во ситуации кога користите пелени за една употреба кои имаат голема абсорбирачка моќ (или барем на два часа)

  •     Менувајте ги пелените веднаш по какањето на бебето
  •     Обидете се со различни видови на пелени – доколку користите пелени за еднократна употреба, а вашето бебе често има пелнски осип, во тој случај променете го видот на пелените
  •     По секоја промена на пелената, измијте ја пеленската регија со вода
  •     Ставете ги на вриење и пеглајте ги платнените пелени
  •     Користете влажни марамчиња кои не содржат мириси или обична вода
  •     Многу почесто делот што е покриен со пелена оставајте го откриен
  •     Доколку вашето бебе има чувствителна кожа, во тој случај користете крема за делот кој е прикрен со пелена


Соработка со: Bebe Boom