Поради што ноктите се толку многу „слатки“ и како да се ослободите од таа лоша навика?
Децата обично со оваа навика почнуваат во периодот од нивната четврта до седма година, а таа навика пак може да ги следи во нивниот цел живот. Причините за грицкање на нокти можат да бидат најразлични, од досада до непријатност.
Приказната околу грицкање на нокти започнува уште во периодот кога бебето се дои. Кога ќе престанете со доење, тоа започнува да си го цица прстот со цел да си го врати она чуство кое го има запомнето како многу пријатно. После тоа детето открива и дека може да ги грицка ноктите и таа навика започнува – кажуваат психолозите.
Со грицкањето на ноктите детето пробува да го надмине моментот на непријатност кој во тој момент го има почуствувано.
- Грицкањето на нокти е поврзано со некои негативни или непријатни чуства на детето кои можат да бидат од досада, но и нешто многу посериозно. Децата обично ги грицкаат ноктите кога се нервозни, уплашени, лути, кога чуствуваат некој вид на несигурност. Една од тие ситуации е и раѓањето на неговото братче или сестричка на пример, кога детето се плаши дека ќе го изгуби вниманието на родителите, па поради тоа е љубоморно, уплашено и осамено – кажуваат психолозите.
Затоа родителите прво треба да разговараат со детето и да откријат дали тоа чуствува некој страв. Навремената реакција на родителите може да ја прекине оваа лоша навика.
- Најдобро е да го набљудувате своето дете и да забележите во кои ситуации ги грицка своите нокти. Најдобро е да откриете кои се непријатните чуства кои го доведуваат до оваа лоша навика и на тој начин да му помогнете да го реши проблемот.
1) сечење на ноктите
Потрудете се редовно да им ги скратувате ноктите. Освен тоа, доколку ја имаат оваа лоша навика, научете ги почесто да ги мијат рацете и да имаат чисти нокти.
2) без викање
Не им викајте и не ги уценувајте. Позитивната критика и укажувањето дека тоа не е убава навика кај детето може да предизвика ефект кој вие го очекувате, а тоа е да престане со грицкањето на ноктите.
3) проблеми
Доколку децата ги грицкаат ноктите толку многу со што дошло до нивно преполување, можно е да имаат некои подлабоки проблеми.
Соработка со: Bebe Boom