Чадот од цигарите содржи над 4000 хемикалии, цијанид, олово и дури 60 состојки кои предизвикуваат рак. Кога пушите за време на бременоста, токсините од цигарите може да стигнат до вашиот крвоток, кој што претставува единствен извор на кислород и храниви материи за бебето.

Помалото количество на кислород кое бебето го добива може да има големо влијание врз бебешкиот раст и развој. Пушењето за време на бременоста дупло ги зголемува шансите за предвремено раѓање на бебето или со помала телесна тежина.

Предвремено родено бебе најчесто е тешко помеѓу 1600 и 1900 грама, а некои бебиња имаат изразено помала тежина. Најчесто нивната кожа е премногу бледа и многу лесно може да се видат нивните артерии и вени, и голем број на други карактеристики не се потполно развиени.

Како пушењето влијае врз здравјето на бебето?

Што порано ја оставите таа лоша навика толку подобро за бебето. Идеално би било со пушење да се престане пред да останете трудни. На тој начин полесно ќе забремените. Доколку ги откажете предходно, нема да се борите со цигарите во текот на бременост, туку напротив – во периодот на бременост ќе треба да размислувате за други работи како што се здрава исхрана, вежбање и подготвувањето за новиот член во семејството.

Но доколку сеуште сте пушач за време на бременоста, веднаш почнете да размислувате за нивно откажување и доколку можете – веднаш прекинете.

Пушењето на помал број цигари на ден е многу посигурно отколку пушењето на цела кутија цигари, но и тоа не претставува голема разлика за штетноста на бебето. Телото на пушачите е посебно чувствително на првата доза никотин која дневно се внесува во телото.

Пушењето може да предизвика успорен раст и развој, но ако престанете со пушење, вашето бебето повторно ќе почне да ја добива потребната количина на кислород и неговото развивање нормално ќе продолжи. Веќе на следниот ултрзвук вие ќе може да ја приметите промената во големината на бебето.

Оставањето на цигарите може да предизвика различни емотивни реакции. Поради тоа, доколку имате проблеми со оставањето на цигарите консултирајте се со вашиот лекар, кој ќе ве советува како полесно да го оставите пушењето. Исто така може да посетите некое советувалиште, или пак побарајте подршка од вашиот партнер и најблиските.

Како да се решите?

Бременоста претставува најголема мотивација која што можете да ја имате за да престанете со пушењето. Секогаш размислете два пати пред да запалите цигара и пред да го изложите бебето на штетното влијание од никотинот.

Постојат неколку методи кои ќе ви помогнат да го оставите пушењето:

1. Моментално оставање на цигарите:

 

Како функционира: Едноставно фрлете ги цигарите и повеќе немојте да запалите ниту една цигара.

Сигурност: Нема доказ дека стресот кој вие ќе го доживеете со оставањето на цигарите ќе му наштети на бебето. Може да чувствувате мали вртоглавици во првите неколку дена, но тоа нема штетно да влијае ниту по вас ниту по здравјето на вашето бебе.

Доколку сте активен пушач и моментално престанете со пушењето може да ви се јават симптоми како раздразливост, депресија, тешкотии со концентрација и вознемиреност. Во првите неколку недели ќе имате огромна желба повторно да запалите цигара.

2. Постепено оставање на цигарите:

 

Како фунционира: Постепеното намалување на бројот на испушени цигари додека целосно не престанете со пушењето.

Сигурност: Овој метод е потполно сигурен – доколку периодот на постепено откажување не е премногу долг. Доколку престанете да пушите пред 14-тата недела од вашата бременост, пушењето нема да влијае штетно врз здравјето на бебето. Но, доколку и понатаму продолжите со пушењето па макар било тоа и една цигара на ден, може да дојде до ситуација бебето да престане да се развива нормално и да расте, како и појава и на голем број други компликации.

Соработка со: Bebe Boom