Првото млеко со кое мајката го дои бебето се вика колострум (“colostrums”). Колострумот значително се разликува од млекото кое подоцна се лачи, не само по содржината туку и по количината на состојките кои го заштитуваат бебешкиот имунитет, што го прави уникатно и единствено. Ова млеко содржи повеќе вода, повеќе витамини и минерали, а помалку маснотии, поради што е и поздраво. Посебно е важно присаството на имуноглобулин, специјален вид на протеин кој во колострумот го има пет пати повеќе отколку во млекото.

Нивното присуство е од големо влијание затоа што ефективно го заштитуваат бебето од инфекции и болести. Во бебешкото стомаче имуноглобулинот го создаваат мембрани кои представуваат заштитен филм кој спречува апсорција на штетни протеини кои доаѓаат од надвор и од сите патогени бактерии со кои бебето и мајката секојдневно доаѓаат во допир. На тој начин бебето ја добива сета потребна антибактериска заштита преку мајчиното млеко.
Колострумот го стимулира првото поминување во бебешките црева и нивно поместување. Помага во елиминирање на билирубини и ја намалува потенцијалната појава на жутица. Првото млеко лесно се вари затоа што содржи висок процент на витамини, протеини и минерали, а помал процент на шеќери и масти.

Доењето со колострумот во само неколку дена му овозможува на бебето да го започне здравиот живот. Исто така треба да се знае дека помеѓу лачењето на колострумот и формирање на млекото постои и преодна фаза во која млекото кое се лачи подсеќа на мешавина од млеко и сок од портокал, кое содржи помал процент на витамини, минерали и имуноглобулин од колострумот, но содржи повеќе лактоза, масти и калории.

"Возрасното" млеко почнува да се лачи помеѓу десетиот ден по породот и втората недела, погусто е и подобро. Иако наликува на воденасто пенушаво млеко, неговата енергетска вредност е висока и во него се наоѓаат многу хранливи состојки.

Енци Менци Дел од Вашето Семејство.