Да започнеме со факти:
Бременоста не е болест.Ако идната мајка е добро и бебето е добро, нема причини за да не се патува. Сепак, во некој ситуации присаството на стомак може да биде нелагодно и патувањето тогаш може да предизвика замор. Тоа не значи дека треба да останете дома. Освен во случај на мотор, на кој патувањето не е пожелно, здравиот разум и стандардниот начин на заштита во сообраќајот се доволна гаранција за сигурно патување и за вашето бебе.
Ако одлучите да патувате со автомобил не заборавајте дека, на пример, подолга неподвижност може да предизвика замор, болки во грбот и чувство на товар во нозете.

Ако е многу топло најдобро е да се патува во раните утрински часови. Вниманието и предпазливоста се најважни. По 28-та недела, треба да се избегнуваат нерамните патишта и дупки. Последно, не заборавајте да се врзете, освен ако немате потврда од лекар да не го правите тоа.
Ако бременоста оди добро, патувањето со авион не би требало да предизвика некои несакани ефекти. Доколку планирате да патувате со авион, консултирајте се со вашиот доктор и информирајте се какви придобивки и заштита нуди авиокомпанијата со која би патувале.
Генерално на бремените жени им е дозволено патување со авион само доколку не поминале 36 недели, но секоја авиокомпанија има специфични ограничувања во овој случај. Ако сте во авион морате да се врзете иако тоа е можеби непријатно. Ако е можно држете ги нозете подкренати да не висат и движете се за да ги избегнете грчевите и зголемените отоци.
Запомнете дека воздухот во авионот е сув и дека е потребно да се конзумира што повеќе течности за да се спречи дехидрирање. Проверете дали металниот детектор и контролата на притисок се исправно поставени поради вашата и сигурноста на вашето бебе.
Како заклучок, но не како последен избор, патувањата со воз или брод представуваат подобри решениа за бремените жени. Овие начини имаат значителна предност.
Пред се, можете непречено да се движите и да го намалите ризикот да бидете уморни. Покрај тоа, ако е во прашање долго патување, возот нуди можност за спиење, додека бродот овозможува да се протегнете дури и прошетате на подолги стази.
Енци Менци Дел од Вашето Семејство.