Од осмиот месец
ПОТРЕБНО:
- 100 г интегрален ориз
- (најдобар е со топчесто зрно)
- 2 моркови, средна големина
- 100 г млад грашок
ПРИГОТВУВАЊЕ:
Разварете го оризот во малку посолена вода. Процедете го и оставете настрана да се излади. Морковот исчистете го, исечкајте го на тркалца, па заедно со грашокот сварете го во истата вода во која се вареше оризот. Сварениот зеленчук изблендирајте го да стане кашичка.
Соединете ги сите состојки, добро изматете и нахранете го бебето. Ако сакате, јадењето можете да го збогатите со сос од сирење, за подобар вкус.

Соработка со: Bebe Boom