Адаптирано млеко или формула е најдобар избор ако навистина немате доволно млеко или од други причини морате да ја дополните исхраната со млеко. Често мајката прави грешка кога на сопствена рака го дохранува своето бебе без предходна консултација со својот педијатар. Типот и количеството на млеко би требало да го прилагодите на бебешките потреби и возраст.

Кравјото млеко е најлош избор.

Кое млеко е најдобро за моето бебе, бидејќи немам млеко?

Ако се констатира од страна на стручно лице дека мајката нема доволно млеко, лекарот е тој кој ќе препорача адаптирано млеко спрема возраста на бебето и специфичните потреби.

Пред да започнете со подготовки на млечната формула, морате добро да ги измиете рацете. Потоа исперете го целиот прибор кој го употребувате кога ја подготвувате млечната формула.

За мајки кои своите бебиња ги хранат по вештачки пат многу е битно да знаат дека многу е битно млечната формула да биде подготвена на прав начин т.е. како што пишува во упатството за употреба. За да бидете потполно сигурни дека млечната формула е стерилна, треба да го направите следново:

Водата со која го подготвувате бебешкиот оброк мора да врие најмалку три минути, потоа така жешка ставете ја во шишето, поклопете и почекајте да се излади, а потоа додавајте одредено количество на млеко во прав, добро проматете и ставете го во фрижидер. Се разбира млекото нетреба да биде ладно кога ќе му го давате на бебето.

Доколку бебето не го испие целото млеко, фрлете го остатокот.