Кожата на бебињата и децата може да биде сува исто како и кај возрасните луѓе. Со оглед на тоа дека младата кожа е многу повеќе осетлива отколу кожата на возрасните, така е и голема можноста таа да биде сува.
Ладниот надворешен воздух, како и греењето можат дополнително да влијаат на сушење на кожата во текот на зимата.
Доколку кожата на детето е склона на сушење, голема е можноста појавата на сушење на кожата да се појави и во текот на летото поради јакото сонце, климатизацијата, затворените простории, хлорот во базените.
Што можам да направам за да ги намалам последиците од сувата кожа?
Капењето ја суши бебешката кожата, бидејќи заедно со нечистотијата го отстранува и природниот заштитен слој на масти од површината на кожата. Меѓутоа доколку превземете некои мерки на претпазливост и секојдневното капење нема да претставува никаков проблем. Наместо капењето да биде половина час, скратете го на 10 минути.
Користете млака вода, а не премногу жешка. Исто така користете и блага купка за чувствителна кожа. Пуштете го бебето да си игра неколку минути во вода пред да го избањате. Во тој случај помалку време ќе помине во сапуница. Исто така доколку вашето бебе го има овој проблем, добра идеја е да користите масло за капење, но во тој случај мора да бидете многу внимателни бидејќи кожата на бебето е многу лизгава. Затоа најдобро е после капење да користите лосиот за таков тип на кожа.
Како да го користам лосионот?
Кога ќе завршите со капењето на вашето бебе и кога ќе го извадите од вода, веднаш избришете го со сува бањарка или пешкир и потоа на неговото тело нанесете лосион. Така кожата ќе ја задржи додатната влага, која што телото ја поримило во текот на капењето. Доколку бебешката кожа и понатака биде сува пробајте лосионот да го користите два пати во денот – после капењето и уште еднаш во текот на денот.
Дали треба да се конслутирам со лекар поради сувата кожа на моето бебе?
Кога со вашето дете ќе одите на котрола кај педијатар, прашајте го за совет како да се реши проблемот што го имате со сувата кожа. Задолжително закажете посебен преглед доколку забележите појава на егзема или ихтиозата. Исто така закажете преглед доколку не приметувате подобрување и покрај редовната нега на кожата на бебето или пак доколку приметите некои знаци на инфекција.
Во соработка со: Bebe Boom