Разговорот е воден во мај 2008

На темата родителство искрено ни говореше млада, успешна и славна личност, според многумина, најубавата пејачка, сопруга на познатиот ватерполист Данило Икодиновиќ, Новосаѓанка, мајка на малата Хана...

Наташа Беквалац

"Дури кога станав мајка, сватив што значи безусловна љубов."

Како се чувствувавте кога разбравте дека сте бремена?

Бев многу среќна.Хана не е дете кое го добивме непланирано.После нашата венчавка, наша најголема желба беше да имаме дете, така да кога дознав дека сум бременa бев многу еуфорична и среќна, но тоа не беше некое преголемо изненадување затоа што детето беше посакувано.

Какви бевте како трудница?И понатаму активни како претходно, или тешко ја поднесувавте бременоста?

До петтиот месец, бременоста не се ни забележуваше, така да работев и активно настапував. Бременоста прилично ја држевме во тајност, а за тоа знаеше само најблиската фамилија. Покасно со Данило отпатував во Русија и таму бевме два и пол месеци. Во почетокот од осмиот месец, се вратив и бев многу активна. Почнав да го припремам овој албум кој ќе излезе за два месеци. Се чувствував здраво и спремна да работам се, како да не сум бремена. Најкритични ми беа последните две недели, не физички и психички, колку што бев нестрплива тоа да се случи.

Колку се промени односот на околината спрема вас, и дали наеднаш почнаа да ве " држат како капка на дланка"?

Не, затоа што со своето однесување не ни барав да се промени нешто во однос на нивното однесување према мене. Моите најблиски се шегуваа со мене дека треба да бидам секоја година бремена бидејќи воопшто не ги оптоварував. Никој не го оптоварував со моите проблеми за кои знаев само јас. Буквално бев трудница која само може да се посака. Не се променија спрема мене а јас стварно бев многу расположена. Ги немав оние типични тегоби, промена на расположение, преосетливост. Немаше никакви посебни промени.

Бидејќи изгледате прекрасно, веројатно многу девојки ќе ги охрабрите да станат мајки, бидејќи секогаш постои страв од промена на физичкиот изглед. Како успевате да изгледате така убаво, и дали се јавните личности да бидат под голем притисок бидејќи од нив секогачш се очекува да изгледаат совршено?

Тоа се стварно предрасуди кои некои жени ги имаат. Кога ги гледам своите фотографии пред и после бременоста сум, многу многу поубава сега поисполнета. Потполно се остварив кога станав мајка. Тоа задоволство едноставно сјае од вас и се одразува како некоја друга врста на убавина. Навистина треба да се води сметка за себе во текот на бременоста. Пазев што јадам, многу се движев, бев во друштво, бидејќи кога човек е сам тогаш размислува за се. Тоа што не се здебелив не значи дека беше на штета на бебето. Хана се роди со 4 килограми и беше големо бебе. Важна е правилна исхрана и да ве советува лекар и некој искусен. Во принцип важно е да се биде задоволен и да се води сметка, а се останато ќе дојде само по себе.

Од оваа гледна точка сега, како ви изгледа пораѓањето, тешко, лесно? Дали е вистина дека со време болката се заборава а се памети само она убавото?

Јас поприлично се намачив, бидејќи сакав да се породам по природен пат и се обидував 10 часа. На крајот лекарите проценија дека тоа нема да оди така па отидов на царски рез.

Нема некои преубави спомени од болница но не беше ни спектакуларно лошо. Памтам се што ми се случи. Беше прилично фрустрирачки бидејќи пороѓајот не помина лежерно и убаво, но она што беше понатаму е многу убаво и има поголема тежина и убавина отколку неколку саати мачење.

Ја имате ќерката Хана на возраст од 14 месеци. Како вие двајцата се снаоѓате како родители и кој во тоа ви помага? Дали е тешко да се биде родител?

Многу е потешко отколку што мислев. За првите неколку месеци неможам да се пофалам дека добро се снаоѓав и дека бев среќна мајка.Полесно е сега кога се навикнав. Јас не сум од оние жени кои кажуваат дека штом им го дале бебето враце осетиел преголема љубов и да тој момент нема никогаш да го заборават. За мене беше битно да е здрава и да е се во ред. Но се тоа што дојде во првите месец дена, да бидам искрена ми беше трауматично. Грчеви, постојан плач и резот кој ме болеше месец дена. Многу ми беше тешко да ја носам и не се радував премногу да ја држам, бидејќи премногу ме болеше. Првите два месеци мајка ми многу ми помагаше но малку покасно и самата се снаоѓав. Престанаа проблемите со грчевите и Хана полека почна нормално да спие. Таа сега има дадилка а тука е и тетка Мира која секојдневно ми помага и ми дели совети, но генерално поголемиот дел од работата е на мене. Кога е во прашање Данило, ова не ново искуство за него бидејќи има бебе од првиот брак, така да тој како искусен родител е упатен во сето ова. Времето кое го поминува со неа можам да кажам дека е боженствено и дека е навистина добар татко. Тој се навикна и да ја капи и пресоблекува, да ја носи секаде и да и посвети внимание во секоја смисла.

Како ја успивате ќерќичката?

Имаме ритуал на капење за кој многу се чудат и мислат дека е многу касно. Капењето е во 9:30 а потоа го добива своето шише и во 10:00 e во кревет, така да до 10:15 таа е заспана и јас имам некој мал период за себе навечер. Не се буди многу рано, околу 09:00 часот, тоа е нешто што го прилагодив спрема себе, бидејќи јас спијам и се будам со неа мене навистина не ми одговара да станувам многу рано бидејќи така цел ден сум уморна и нервозна. Ги прилагодив тие ритуали на мојот начин на живот и генерално сме уредни околку тоа.

Какво дете е Хана?Немирно или ...?

Бидејќи јас и Данило сме многу енергични и хиперактивни во секоја смисла, морам да кажам дека се плажев да не биди премногу немирна во негативна смисла и да не биди малку намќореста :)

но морам да кажам дека е изразито племенито дете, добронамерно, ги обожава животните, децата, многу е друштвена.Таа е баш онакво дете какво замислував.

Како излеговте на крај со никнувањето на првите забчиња?

Кај неа беше присутна само мала доза на нервоза. Со помош на некои препарати, втривање на гел, немавме некои поголеми проблеми. Се будеше во текот на ноќта, но тоа траеше само неколку месеци. Немав никакви трауми околу тоа.

Дали веќе ја имате носено на море(базен)?

Не. Данило и јас минатата година бевме сами на одмор. Јас бев малку параноична што се однесува до тие работи во првата година. Само еднаш ја однесовме на зимубање, но за еден месец ќе ја носам на море за прв пат.

Како прооде? Со кого ги направи првите чекори?

Хана три месеци одеше само на прсти, секогаш држејќи се за еден прст како некоја сигурност, така да прооде малку подоцна од тоа што мислев, бидејќи од девет месеци шеташе, ама не се пушташе. Се пушти после првиот роденден, онака убаво и стабилно. Тоа е некое оптимално време за проодување. Сега оди стабилно и ретко се случува да падне. Не е трапава и многу е активна.

Кој беше првиот збор кој го изговори?

Јас тврдам дека е мама, а Данило тврди дека е тато. На кој како му одговара. Но како го изговори врвиот збор така продолжи секој ден да зборува, нешто што во главно ја разбирам. Изговара разни зборови и тие имаат значење. Секако дека прво рече "мама, тато, баба, дедо". Воглавно изговараше имиња на најблиските, а сега веќе знае да комуницира и да разбира. Гледам дека разбира кога ќе и кажам да седне, дека сега ќе ручаме итн. И се обраќам како да е голема. Слушнав дека така треба и воглавно ги слушам советите од мојата мајка а ова баш се докажа дека е точно.

Кој знак е во хороскоп?

Таа е риба-девица.

Дали сте вие опуштена мајка или сте од оние кои од страв да не се случи нешто непредвидено своето дете го чуваат под стаклено ѕвонче.

Не ја држам под стаклено ѕвонче но и кога ја немав Хана секогаш се згрозував од родителите кои не реагираат кога детето им трча по ресторан, ги малтретира луѓето, кога не обраќаат внимание на своето дете и се лежерни. За мене не е тоа лежерност тоа е самобендисаност, тоа е недоволно внимавање врз своето дете. Лежерна сум во смисла да немам проблеми кога таа ќе се исфлека. И давам чоколадо да се извалка, или јагода, не ја ограничувам во таа смисла. Нека се испрска со црево со вода, воопшто не пазам на тоа но генерално каде и да ја носам сакам да е под мој надзор.

Секогаш иди со мене, никогаш не ја пуштам да трча околу столовите бидејќи сеуште нема 2 години. Затоа сум прилично строга. Но сите оние работи кои мене не ми беа дозволени кога бев мала, нејзе сега и ги дозволувам. Имав трауми да не се извалкам бидејќи мајка ми тоа не ми го дозволуваше, а јас нејзе тоа и го допуштам бидејќи не сметам дека тоа е нешто што може да ја разгали и лошо да влијае на неа. Треба да зне што смее а што не.

Светските стручњаци тврдат дека природното доење е најздраво за бебето и за мајката. Каков е вашиот став во врска со тоа, колку е за вас важно да се храните здраво?

Секогаш се хранам здраво. Што се однесува за доењето сметам дека веројатно се во право но јас немам такво искуство затоа што мојот став беше да не ја дојам Хана бидејќи сметав дека после месец дена нема да е физички можно да бидам дома на секои два и пол саати. Не најдов на противење од моите најблиски. Тоа им го соопштив одма после пороѓајот, зедов хормонска таблета и го прекинав млекото, што воопшто не сметам дека е сурово бидејќи сум реална. Тоа не беше можно, а доењето месец дена не значи ништо. Таа се разболи исто колку и другите деца. Имаше два пати температура што не е страшно. Таа беше на вештачно доење од раѓање и не гледам дЕка тоа лошо влијаеше на нејзиното здравје.

Го разбирам ставот на мајките кои не сакаат јавно да објавуваат слики од своето дете. Дали сметате дека децата на јавните личности на некој начин се злоупотребени од медиумите?

Сепак родителите се оние кои одлучуваат дали ќе се експонираат или не. Баш затоа што така разлислувам мојот став и на Данило е да по секоја цена го заштитиме нашето дете од јавно експонирање. Дури пред само неколку дена имав многу непријатна ситуација. Ако мојата желба како јавна личност е да не ја експонирам мислам дека тоа треба да се почитува. Јас генерално не сакам таа по нешто да се разликува од другите деца. Таа често е со мојата мајка, моите сестри, со тетка Мира и воопшто не сакам луѓето да ја експонираат. Не сакам да биде жртва на мојата популарност на непотребен стрес. Некогаш тие бебиња кои ги сликаат за насловни страни го доживувам како злоупотреба. Мене тоа воопшто не ме разнежнува. Никогаш не сум имала некој позитивен став за тоа и на тоа неможам да влијаам. Кога е моето дете во прашање можам да бирам, а мојот избор е да не ја фотографираат. Често се случува тоа лошо да се оцени. Не е тоа мој каприц, ниту пак јас изигрувам ѕвезда поголема од тоа што сум. Едноставно не го сакам тоа и таков е мојот став.