Покрај тоа што содржи бројни витамини и минерали кои се потребни за идната мајка и бебе, лубеницата благотворно влијае и на бројни непријатни појави кои ја пратат бременоста, како што се мачнина и појава на отоци.
Лубеницата е нискокалорична намирница со енергетска вредност со 30 калории на 100 гр. плод. Исто така, лубеницата lubenica-idealna-hrana-za-trudnici-1изобилува со витамини, минерали, фитонутриенти и влакна, поради што има висока нутритивна вредност. Лубеницата дава енергија, бидејќи сите калории потекнуваат од јаглехидратите. Во себе содржи природни овошни шеќери, кои ги задоволуваат потребите за слатки, како и хранливи материи што му ги овозможуваат на телото сите потребни нутритиенти, без празни калории. Повеќето шеќери во лубеницата (6%) се во облик на фруктоза и глукоа, кои телото може многу брзо да ги апсорбира и искористи како извор на енергија.
Извор на витамини, минерали и антиоксиданси
Лубеницата е богата со бета-каротен, кој со процесот на метаболизмот се разградува во витамин А (важен за здравјето на очите и нормален раст на клетките, особено за заштита на слузокожата, како и витамини Ц и Е. Антиоксидансите, присутни во ова овошје, се особено важни, бидејќи ги штитат ќелиите и го спречуваат оштетувањето предизивикано од дејството на слободните радикали. Лубеницата има и поголема концентрација на ликопен, моќен антиоксиданс, од било кое друго овошје или зеленчук. Исто така, изобилува и со витамини од групата Б, особено витамин Б6, кој го потпомага имунитетот, помага за правилно функционирање на хормоните и нервниот систем, има и значајна улога во создавање на антитела, и неопходен е за работа на метаболизмот. Лубеницата е богата и со минерали: содржи калиум, калциум, магнезиум, манган, фосфор, железо, селен, цинк и бакар. Сите овие хранливи материи се особено важни за време на бременоста, бидејќи помагаат за одржување на нормалнато телесно функционирање.
Бројни придобивки за бебето
Трудниците би требало што почесто да јадат лубеница, бидејќи на тој начин, обезбедуваат важни нутритиенти за своето тело, истовремено го снабдуваат и фетусот.
Витамините А, Ц, и Б6 како и минералите, калиум и магнезиум, се од витално значење за развој на вашето бебе, неговите коски, видот, мозокот, нервниот и имунолошкиот систем и уште многу други придобивки. Затоа, внесот на ликопен е важен за раст и развој на бебето во вашиот стомак.
Подобра крвна слика
Лубеницата содржи во себе железо во иста количина како и спанаќот! Железото е особено важно за идните мајки, бидејќи на организмот му е потребен овој елемент, за снабдување на плацентата (постелката) и плодот. Зголемената количина на витамин Ц, присутна во лубеницата овозможува подобра апсорпција на железото, односно негово правилно искористување. Покрај тоа, во лубеницата има и бакар, кој помага во формирање на црвените крвни клетки. Поради оваа особина, конзумирањето на лубеница може да помогне во случаеви на блага анемија (слабокрвност)!
Кога треба да внимавате со конзумирање на лубеницата?
Ова овошје практично не предизвикува алергија, така што лубеницата е безбедна во исхраната на трудницата. Потребно е да внимавате, само доколку имате некое заболување на бубрезите (особено ако е намалено лачењето на мокрачата) или дијабетис. Но, иако лубеницата има голем гликемиски индекс (кој ја означува способноста на храната да го зголеми нивото на шеќер во крвта), таа содржи и до 95 % вода, па лекарите досзволуваат и до 190 грама во еден оброк. Во секој случај, доколку имате некое од горе наведените здрваствени проблеми, неопходно е да се посоветувате со вашиот лекар.
Соработка со: Bebe Boom