Капењето на бебето претставува големо задоволство како за бебето така и за родителите.

На почетокот постои страв бидејќи родителите не се доволно вешти во држењето на бебето, меѓутоа после неколку капења стравот исчезнува а заедничкото задоволство расте.

Во нашата земја стручњаците препорачуваат капење секој ден, најдобро навечер. Во првата година од животот не се потребни сапуни и миризливи купки само топла чиста вода. Ако бебето има повеќе коса се препорачува нејзино миење со благ шампон на неколку дена, потоа добро да се исплакне, да се исуши и да се расчешла.

Да се обрне внимание на пределот околу ушите, вратот, во пазувите и препоните и тие делови да се мијат со вода и фротирска ракавица. Родителите сакаат бебињата да им мирисаат на различни миризливи купки, но тоа не е добро за бебешката кожа бидејќи го уништува заштитниот слој, па кожата е подложна на егземи, осипи и други алергиски проблеми. После капењето со крпа да се впие остатокот од водата, нанесете бебешко масло за тело (неутрално, слабо парфимирано, без конзерванси) и нежно втријте го на кожата.

Маслото се нанесува на цело тело освен на лицето, каде што може да нанесете тенок слој на крема избегнувајчи го пределот околу очите. На гениталиите се нанесува неутрална мрсна крема и тоа само на надворешните делови. Внатрешните делови се мијат исклучиво со топла вода, секогаш од напред кон назад.