Положбата при доење може да ви биде и легната и седечка. Во првите денови по породувањето, позгодно е ако лежите бидејќи секако не е препорачливо долго да седите. Затоа лежите на страна и ставете го вашето бебе до вас. Најважно од се е правилно да го поставите бебето на дојка.
Подоцна, откако ќе се опоравите од породувањето и кога бебето ќе се навикне на доење, тој процес вам ќе ви биде едноставен и сами ќе ја најдете положбата која највеќе ви одговара.
Правилно држење на бебето за да цица
Без разлика дали бебето лежи или вие го држите во раце, најважно е правилно да ја ставите дојката во бебешката уста. Не буткајте ја брадавицата во устата на бебето, имајте трпение и почекајте тоа прво да допре со долната уста дојде до долниот дел од ареолата. Ако поголем дел од ареолата е над бебешкото устиче, а не под него, тогаш правилно е наместено. Не е во ред ако бебето во устата ја држи само брадавицата.
Доење на близнаци
Постојат неколку техники на доење на близнаци. Возможно е двете бебиња наеднаш да ги ставите на дојка. Тоа го прават мајките кои имаат добри брадавици и кои се сигурни. Сепак, многу полесно е ако близнаците ги доите на следниов начин: Ако имате доволно млеко за двете бебиња, доите ги едно по друго, а не со временска разлика од час или повеќе. Доколку пак немате доволно млеко за двете бебиња, тогаш е можно да го доите едното бебе, а другото да го храните со вештачка храна и така наизменично. Доење на предвремено родено бебе Предвремено родените бебиња добиваат мајчино млеко дури и додека се во инкубатор. Измолзувајте го млекото кое сестрата ќе му го даде на бебето во инкубатор. Во болница млекото со дава полека со лажичка, но никако во шише со цуцла. Вашето млеко ќе му помогне на вашето бебе брзо да напредува.