Постојано чувствувате замор?

Без разлика дали сте на самиот почеток, на крајот или во периодот после бременоста, заморот е присутен кај вас како последица на зголемената концентрација на хормони во вашиот организам. Меѓутоа, заморот може да се јави и како последица на развојот на плодот, анемија, намалено лачење на хормони на тироидната жлезда, зголемената активност околу новороденчето, неправилната исхрана.

Како да се ослободите од заморот?

 

- Слушајќи го своето тело – доколку сте преоптоварени со дневни обврски вашиот организам може да ви прати сигнали дека сте уморни, недовнолно наспани – во тој случај одвојте неколку минути за себе, спијте и пробајте од својата глава да ја исфрлите помислата дека во секој момент мора да бидете „супер“ мама.Заморот можете да го “победите”:

- Побарајте помош – поделете ги своите обврски за бебето со најблиските.

- Повеќе спијте – не е грев доколку еден ден легнете порано или доколку останете малку повеќе во кревет.

- Физичката активност значајно може да ви помогне околу елиминирањето на значите на замор. Доволно е само 30 минутно пешачење.

- И секако правилна исхрана многу ќе ви помогне во борбата против заморот.

Дали храната може да го предизвикува заморот?

Секако дека може. Доколку:

 

- Не внесувате доволно количини на есенцијални аминокиселини (присутни во храната од животинско потекло) – значајни се за регулација на шеќерот во крвта (го стимулира лачењето на инсулин), за “производство” на хемоглобин, синтеза на протеини во мускулите и градењето на мускулната маса – ќе влијае на појавата на замор;

- Внесувањето на поголеми количини на гортварска сол – се дестабилизира кисело-базна рамнотежа со тоа што се внесува поголемо количество на натриум (го има во готварската сол), а во спротивно недоволното количество на калиум – вашите клетки почнуваат да “страдаат”, а пак како последица на тоа вие ќе чуствувате замор. Натриумот всушност го завзема местото на калиумот во организмот и врзува големи количини на вода во клетките и го спречува преносот на енергија – во тој случај вие се чуствувате потечени, тешки и поспани;

- Конзумирањето на газирани пијалоци и алкохол , за чие што разградување организмот троши големи количини на енергија;

- За појадок внесувате храна која содржи доста едноставни јаглехидрати (на пр. доручек составен од бел леб и џем) – во текот на попладневните часови вие ќе почуствувате замор кој се јавува како последица на хипогликемија (намалена концентрација на шеќерот во крвта);

- Јадете храна богата со масти – претераното внесување на масти во организмот значајно го успорува варењето на храна, а пак тоа ќе предизвика чуство на потешкотии во желудникот, поспаност и замор;

- Јадете храна сиромашна со витамин Б комплекс – исто така е еден од виновниците за појава на замор (премногу честа кај вегетаријанците);

- Конзумирате храна во «погрешно време» – пр. го прескокнувате појадокот и вашиот прв оброк (најчесто пребогат) е во попладневните часови;

- Во својата дневна исхрана немате доволно количина на свежо овошје и зеленчук, односно витамин Ц.

Која храна треба да се избегува?

  • За да го спречите заморот, ве советуваме да избегнувате:
  • Големи количини на кафе и други пијалоци кои содржат кофеин;
  • Конзумирање на алкохол;
  • Благо и масни работи;
  • Храна одгледувана со помош ан пестициди, хербициди и останати штетни материи;
  • Производи со додаток на вештачка боја, конзерванси – го предизвикуваат заморот и го зголемуваат ризикот од појава на некои хронични болести.

Како со исхрана да го намалите заморот

Многу е значајно да правите правилен избор и комбинација на храна (прочитајте ги следните препораки без разлика во кои период се наоѓате). Со промена на начинот на исхрана значајно ќе ги намалите знаците на замор кои вас постојано ве следат, па затоа ние предлагаме:

  • Денот задолжително почнете го со појадок кој ќе се состои од сложени јаглехидрати – сосема е доволно да внесете на пр. 1 јаболко и една шоља за млеко овесна каша (се разбира тоа е нашиот предлог, а вие можете да изберете и нешто друго);
  • Јадете почесто, но во помали количини – за својот организам ќе обезбедите доволно енергија, а ќе го намалите заморот;
  • Јадете што повеќе зеленчук и свежо овошје: јаболки, сливи, мандарини, ананас – извори на витамин Ц;
  • Задолжително е и риба: туна, скуша, сардина, месо, јајца – кои претставуваат извор на есенцијални аминокиселини;
  • Јадете житарици и производи направени од интегрално брашно – тие се добар извор на витамини, посебно на витаминот Б комплекс кој е неопходен за “производство” на енергија;
  • Изберете храна со : свежи бадеми, ореви, сончоглед, рибно и маслиново масло.

Соработка со: Bebe Boom