Најверојатно, вашето бебе на оваа возраст ќе биде многу повеќе умешно во џвакањето на храната, па можете пирето и кашите да ги замените со сецкана храна. Многу бебиња одбиваат да се хранат со лажичка, па затоа јадењето со прсти станува важен дел од нивната исхрана.

Зеленчук и овошје

Прочитајте која е најдобрата храна од зеленчукот и овошјето за бебиња на возраст од 9 до 12 месеци, и зошто:

Спанаќ

Спанаќот е богат со хлорофил, зелен пигмент кој се наоѓа во растенијата, кој помага во спречување и лекување на анемија. Спанаќот е добар извор на бета-каротен и витамин Ц, па затоа е многу важно да не го преварувате, бидејќи се уништува неговата хранлива содржина. Спанаќот, и покрај популарното мислење и Попај, не е особено добар извор на железо.

Брокула

Брокулата е “крал“ на здравите зеленчуци. Брокулата содржи важни состојки, фитохемикалии кои се особено важни за превенција на ракот. Овој зеленчук обезбедува одличен извор на витамин Ц и бета-каротен. Колку е потемна китката на брокулата, толку е поголема количина на антиоксиданси во неа. Брокула треба да се бари на пареа, бидејќи доколку ја варите, се намалува количината на витамин Ц дури на половина од содржината. Се верува дека со конзумирање на брокулата, три пати неделно се намалуваат ризикот од појава на рак. Тоа е поради тоа што брокула во себе содржи глукосинолат, кој помага во создавањето на ензими во организмот кои се борат против ракот.

Моркови

Морковите, за разлика од многу други зеленчуци се повеќе хранливи кога се зготвени. Преку готвењето, се отвораат растителните клетки кај морковите, така што антиоксидансите и други те растителни хемикалии можат многу подобро да се апсорбираат. Морковите содржат голема количина на каротен, антиоксиданс кој им ја дава портокаловата боја.

Домати

Доматите содржат ликопен, моќен пигмент важен во спречувањето на ракот. Доматите, покрај содржината на ликопенот, содржат и поголемо количество на калиум, кој е важен за здрава крв, како и за неутрализирање на негативните ефекти од конзумирање на солта. Еден од најважните фактори за добро здравје, е вклучување на доматите во исхраната.

Малини

Малините се богати со витамин Ц, кој е потребен за здрав раст, здрава кожа, коски, и заби. Исто така, ова овошје му помага на телото подобро да го апсорбира железото од храната. Малините во себе содржат поголеми количини на фолна киселина и цинк од повеќето овошје.

Авокадо

Авокадото понекогаш се смета за зеленчук, но тоа всушност е овошје и содржи повеќе хранливи материи од сите други плодови. Авокадото има најголема содржина на протеини од било кое друго овошје, и богато е со мононезаситени масти, односно т.н “добри” масти, кои помагаат во спречување на срцевите заболувања. Поради восококалоричноста, авокадото е одлична храна за подобар раст и развој на бебињата.

Тиква

Тиквата е богата со бета-каротен, како и витамин А, кој помага во заштитата и спречување на ракот и го зајакнува имунолошкиот систем на вашето бебе.

Соработка со: Bebe Boom