Добро исчистениот и измиен зеленчук ставете во лонец заедно со белото пилешко месо. Додадете вода и варете додека месото комплетно не омекне.

Извадете го зеленчукот од лонецот и измиксирајте го. Истото направете го и со месото. Во друг лонец ставете малку маргарин, а кога ќе зарумени, додајте ги измиксираниот зеленчук и месо, па прелијте со супата. Така варете уште 10 минути, а доколку сакате може да додадете и оризови снегулки или пченкарен гриз. Оладете ја супата и може да го нараните вашето бебе.

Брзи рецепти за бебе од 8 – 10 месеци