Излупете го компирот, измијте го и ставете го да се вари. Кога ќе биде добро сварен, изгмечете го со вилушка, а во водата во која се вареше компирот додајте неколку лажици пченкарен гриз. Мешајте го гризот на тивок оган додека не се згусне. Помешајте го заедно со компирот, а ако ви се чини дека кашата е премногу густа, тогаш додајте малце адаптирано млеко.

Рецепти за бебе од 6-8 месеци

Соработка со: Bebe Boom