Колку е убаво кога гледате како вашето дете расте во личност која оди и зборува и ги изразува сопствените идеи. Од 18-месечна возраст, детето ќе почне и да трча, да се качува, да си игра со топка и да ужива да танцува на музика. Ќе почне да си се забавува самото, процес кој навистина ја разви-ва имагинацијата. Пластичните автомобили ќе се движат придружени од едно гласно вруууууум, додека меките играчки ќе бидат ставени во торби за да се прошетаат.

Детската игра е постојано учење

Колку е убаво кога гледате како вашето дете расте во личност која оди и зборува и ги изразува сопствените идеи. Од 18-месечна возраст, детето ќе почне и да трча, да се качува, да си игра со топка и да ужива да танцува на музика. Ќе почне да си се забавува самото, процес кој навистина ја разви-ва имагинацијата. Пластичните автомобили ќе се движат придружени од едно гласно вруууууум, додека меките играчки ќе бидат ставени во торби за да се прошетаат.
Времето за игра ќе ја поттикнува имагинацијата на вашето дете. Како што вели детскиот психолог д-р Венди Маси:
- Бидејќи играта на децата им доаѓа сосема природно и изгледа дека не претставува ништо друго освен едно големо задоволство, лесно е да се предвидат нејзините доблести. Играта придонесува за емотивниот, пси-хичкиот и за интелектуалниот развој на децата. Преку неа, бебињата учат некои многу важни вештини, како што се комуникација, анализирање и ре-шавање на проблемите.

Поттик за имагинацијата

Кога ќе излезете надвор со детето за да си поигра, тоа е многу добро за неговото здравје, но и за неговата имагинација. Се што ви е потребно е ло-калниот парк каде што може да играте криенка, да барате замислени су-штества под клупите, да бидете авиони кои патуваат во далечни краишта или да ги броите патките и гуските во рибникот. Но, детската фантазија не треба да се поттикнува само надвор од домот. Неверојатно е колку приме-ни новороденчето може да најде кај ролна тоалетна хартија, што се може да направи со лажици и со стари кутии од бисквити, кои најверојатно ќе се претворат во детски тапани, а во некое скриено ќоше детето за миг може да се претвори во пират или добра вила.

Повторувањето го развива мозокот

Повторувањето му помага на мозокот побрзо да се развива, па така, иако можеби мислите дека „еци пеци пец“ ќе стане застарена броенка по десет-тото рецитирање, знајте дека на детето му се допаѓаат познатите работи. Пеењето песнички заедно, повторното читање на омилените приказни или тркалањето напред-назад, сето тоа гради важни конекции во детскиот мо-зок.

Облици и бои

Едноставните игри, како што е редењето коцки, ќе му помогнат на детето при координацијата, додека сортирањето на играчките со различен изг-лед, на детето ќе му овозможи полесно да ги разбира различните облици. Како и да е, не чувствувајте се ограничени. Дозволете му на детето само-то да прави интересни облици од тесто или од пластелин.
Кога децата се креативни со лепак, фломастери, бои што се нанесуваат со прсти или со пластелин, тоа ја развива нивната вештина со рацете, а тие ги учат и боите. Дури и едноставните игри со топка ќе му помогнат на ва-шето дете да ги совлада вештините за координација, а ќе се научи и да би-де потрпеливо и да го чека својот ред.
Повеќето деца имаат омилена мека кукла која многу сакаат да ја гушкаат и да ја носат со себе. Играњето со Медо или Зајко е многу важно бидејќи тоа на детето му овозможува самото да се грижи за нешто. Исто така, тоа ќе помогне за правилен емотивен развој додека децата учат да ги изразу-ваат своите чувства.

Енци Менци Дел од Вашето Семејство.