Кога зимата е веќе тука,се надевам дека сте добро подготвени и сте ја одбрале вашата посакувана дестинација.Сепак подгответе се добро.особено ако одите со бебето на зимување.Многу се сомневаат,дали децата воопшто треба да одат на планина,одговорот е секако "ДА".Постојат многу причини зашто да се оди на планина:

-Чист планински воздух,добро им доаѓа на белите дробови кои се изложени на многу токсини и штетни издувни гасови во градот. -Микроорганизмите(вируси и бактерии) се далеку помалку присутни на планина отколку во градот -Како езотеричен планински воздух содржи помалку кислород,после одреден период поминат на планина доаѓа до зголемување на црвените крвни зрнца. _Чистиот планински воздух заедно со планинското сонце го зголемува апетитот и доведува до зајакнување на одбрамбениот систем на детето.

Меѓутоа,ако одите со бебето,водите сметка да не претерате со времето кое го поминувате надвор со вашето бебе.Времето што треба да го изберете за да излезете надвор е најдобро да биде помеѓу 11-13ч.Потоа можете повторно да излезете после спиење околу 15ч.По 16ч немојте да излегувате,затоа што станува поладно и паѓа ноќта,а тоа секако не е пријатно за бебињата.Се разбира бидете вниматени да не бидете повеке од 15-20мин надвор,а доколку е голем - или пак има студен ветар немојте ни да излагате.Задолжително е бебето да биде затоплено со скафандер,топла капа и шал.Доколку има и јако сонце задолжително заштитете ги бебешките оциња и не дозволувајте сонцето директно да бие во него поради изгореници од сонце кое е на планина доста јако.Немојте бебето,доколку е многу мало да го возите со жичара или на повисоките делови од планините,затоа што погоре воздухот е поразреден и дишењето може да му биде отежнато.

Она што веке сигурно го знаете е што треба да понесете со себе доколку бебето не се дои,потребно е да не заборавите вештачко млеко и сите преостанати работи кои ги користите и дома,можеби грејач за шише или грејач за во автомобил и сл.

Постарите деца можат да бидат поопуштени на зимување.Секој ден поминат на планина е добродојден за децата.Од медицински агол се смета дека идеално е да се биде 10-15 дена на планина,се смета дека после тие денови крвната слика може да се подобри.По препорака со скијање децата може да почнат веке од 4 год,иако во некои земји со скијачка традиција почнуваат и порано.Секако мора да се води сметка околу бирањето на скијачката опрема која мора да биде квалитетна и удобна,посебно кога се работи за скијачките чевли и везови.За деца задолжителни се и заштитните кациги.Доколку родителите не се искусни скијачи,добро е детето да се запише во ски училиште,каде ке ги научи правилно и сигурно првите скијачки чекори.Доколку на детето скијањето баш и не му оди немојте да го форсирате,почекајте момент кога ке биде спремно за учење да скија.

Со децата скијајте на ниски или благи стази,каде што можете безбедно да застанете или да скијате со поблаго темпо.Следете ги децата,доколку видете дека се изморени и исцрпени од скијање оставете ги да се одморат.Водете сметка тоа да биде во топла планинска кукичка или кафуле,бидејќи децата испотени не смеат да стојат на ладно време.Во поголемите и подобрите скијачки центри на стазите постојат и мали иготеки за деца,ресторани каде можете да се напиете топол чај.да се одморите и да ручате.На скијање немојте да одите без скијачко одело(јакна и ски пантолони) или скафандер.Задолжителни се и непропусливи ски ракавици,капа,топол шал,добри заштитни очила за снег и за сонце,топли удобни и непропусливи чизми.

Со децата морате да се спуштите до подножјето на планината порано како би сте се спремиле полека за ужина,можете да посетите и базен или игачница и одморени да ја дочекате вечерата.Гледајте децата рано да си легнат,затоа што и самите ке бидат исцрпени од планинското сонце и чистиот воздух.Ке видите како мирно и удобно ке спијат.

Патната аптека-треба да содржи медицински средства и лекови за прва помош.Тоа се секако лекови за покачена температура(парацетамол или ибупрофен)или најдобро нешто што веке сте го користеле и знаете кое има најдобар ефект.Треба да се понесат и лекови против дијареја и стомачни болки,како и лек против алергија.Задолжително понесете си и капки за нос,капки за уши и некој антибиотик од широк спектар.Секако антибиотикот треба да се користи само по совет од лекар.

Срекен пат и добро скијање!