Сигурно безброј пати досега сте виделе мало дете како седи на возачкото седиште во скутот на таткото наместо во своето седиште. За жал, кај нас е вообичаена појава детето помладо од 3 години да седи во совозачкото седиште или во скутот на возрасните, и покрај тоа што и во постариот закон за собраќај во предниот дел е забрането да се вози дете помладо од 12 год.

Детското седиште е задолжително, а не луксуз!

Според прописите на ЕУ, новиот закон за собраќај предвидува задолжително користење детски автоседишта, значи родителите не можат да избираат- во прашање е законска обврска чија цел е заштита на најмладите. Ако го земете предвид податокот дека во Македонија годишно се случуваат помеѓу 5 и 10 илјади сообраќајни несреќи во кои 5.000 луѓе се повредени, а повеќе од 10% се деца, тогаш не е тешко да заклучите колку е неопходно своето дете да го возите исклучиво во детско седиште. Во земјите на ЕУ казните за неодговорните родители се многу високи. Не можете ни од породилиштето да излезете ако во автомобилот немате монтирано соодветно детско седиште. Можеби ќе помислите дека нивните законодавци претерале, но бидејќи се знае дека секоја година страдаат илјадници дечиња токму поради тоа што не биле правилно сместени во автомобилот, веројатно ќе го смените мислењето.

Фатални последици

За да сфатите колку е важна безбедноста на детето при возењето во автомобил, еве неколку факти. Во случај на судар, кога возилото се движи со релативно мала брзина од 50 км/ч, а четиригодишно дете незаштитено седи на задното седиште ќе удри во предното седиште со силина еквивалентна како да има 400 кг. За нежниот детски организам овие удари можат да бидат фатални. Правилно избраното и поставено детско седиште ја намалува опасноста од фатални последици за 75%, а од сериозни повреди (без фатални последици) за 67%. Иако да во Западна Европа повеќето родители дури 80% ги возат своите деца во специјални детски седишта, несреќите се случуваат, и тоа главно (од 50% до 70% од случаите) поради неадекватно избрани или лошо монтирани седишта. Европските стучњаци им советуваат на родителите детските автоседишта да ги монтираат на задното седиште на возилото секогаш кога е можно тоа. Не смее да биде на предното седиште, особено доколку колата е опремена со воздушно перниче за совозачот. Во случај на несреќа воздушното перниче ќе се надува и ќе удри во детското седиште, свртено кон задниот дел на возилото, со толкава сила што детето може да биде сериозно па дури смртно повредено.

Како да изберете право седиште?

Во светот на ова му се посветува големо внимание. Цела војска лекари, инженери, дизајнери, педагози и други стручњаци од државните агенции, осигурителните друштва, производителите на автомобилска опрема, медицински установи и други институции пробуваат да смислат сигурно, удобно и за сите достапно детско седиште. За жал, кај нас на ова не му се посветува доволно внимание, така што родителите што размислуваат за безбедноста на своето дете немаат начин да дојдат до потребните информации.

Автоседишта според возраста на детето

Основни критериуми за избор на детското седиште се возраста и тежината на детето, според правилникот ЕЦЕ Р44, детските седишта се поделени во пет групи.

Табела на категоризација на детските седишта