Растргнати помеѓу желбата и можноста, мајките ја заборавaат правата вистина: среќни деца кои што растат со среќна мајка, односно родители. Затоа е важно да се размислува позитивно, како вработен мајка всушност имате многу предности - и за себе и за своето семејство.

Друго е тоа што ке го прочитате во весниците или книгите, но реалноста е понекогаш многу посурова ... .. Додека многу мајки се вработени и задоволни со своите работни места, во овие "луди" времиња, работата толку многу ги преокупира што тие имаат многу малку време за своите деца. Се случува најчестиот изговор да биде многу работам, но имам време со своите деца, .... ги носам во игротека, кај најдобрите другарчиња, одиме заедно на шопинг и им го купувам само она што тие го сакаат, итн .... Тогаш се прашувате дали е тоа тоа? Дали децата ќе пораснат со среќна мајка и дали тие се задоволни со тоа, дали нивната мајка им недостасува, или се чека тој момент кога ќе одат на шопинг но наместо љубов, ќе добијат нова играчка?

Дали постои начин да тоа малку време што го имате за вашите деца, сепак да го поминете малку покреативно, поинтимно, вие и вашите деца заедно. Можеби нема да биде лошо да отидете заедно на кино и заедно да го коментирате филмот, да се излежувате заедно во кревет барем во сабота или недела, заедно да создавате ремек-дела од хартија, да сложувате сложувалки, да возите велосипед во парк или во близина на реката. Ако е зима можете и заедно да се санката и да си играте во снегот. Може да се забавувате со своите деца и во кујната, додека правите колачи, дајте му на вашето дете малку тесто, така што тоа ке го меси тесто, верувајте дека ќе биде навистина забавно. Се разбира дека предлози има многу .... Кога ќе ги пружате алиштата, дозволете вашето дете да ви помогне, нека ги става штипките. Ако бришете прашина, дајте му на детето мала крпа и ќе ја брише прашината во неговата соба, разговарајте со детето, кажете му што работите и зошто. Ако по напорната работа пиете кафе и се одмарате, послужете го со сокче и вашето дете.

Има многу наини со кои што преокупираната мајка ќе најде малку време за своето дете. Понекогаш брзате дома од работа, а таму вас ве чекаат вашите верни малечки, кои што уште на врата ве пречекуваат со широка и искрена насмевка.