Има ли поодговорна задача од воспитувањето на децата,поголеми,посложени,поубаво?

Како да знаеме дали сме ги воспитале добро нашите мали ангелчиња,дали им е потребно доверба,лјубов,првичните сознанија,образуванието,....и дали тоа зависи само од нас или пак тоа е нивната личност,карактер,или нешто друго.

За правилно воспитување и правилен развој на детето,многу е важно да му создадеме топол и удобен дом каде што ќе се чувствуваат удобно и сигурно.

Она што е сигурно е да семејството е првото училиште за животот во која детето се стекнува со основните сознанија за луѓето,за нивните меѓусебни односи,како и за животот и неговите проблеми.Ова се всушност првите искуства кое детето ке ги употреби подоцна во животот.Токму затоа воспитувањето на децата во семејството е најодговорна задача на секој член од семејството.

последиците од несоодветното воспитување може да се видат веќе во детството.Погрешно воспитување обесхрабрува дете,го прави не самостојно,ја попречува неговата смисла за заедницата и доведува до тоа да избегнува одговорности и работа.

Успех во образованието може да се постигне само кога ние сме самокритични на своите воспитни грешки,ако имаме доверба во детето и ако го сакаме.За да го осамостоиме побрзо мораме детето да го направиме независно,т.е. мораме да му овозможиме самостојно да ги врши сите не должности кои во складот на возраста може само да ги извршува.Со ова потребно е детето да се охрабрува и да се всади доверба во неговите способности.Доколку е потребно да му се помогне,но никогаш не треба во целост да се превземат детските дозжности.