Есента е пристигната и сите исе радуваат. Учениците заради училиштето, а оние помладите,заради преминот во нова "повозрасна" група, и најмалите во јасли. Но, има и даца кои што прв пат ке се сретнат со тоа и потребна им е подршка.

Децата на кои што ова им е прв пат, совет за родителите е да се подготват за плачењето на децата, драматичната ситуација кога ке го оставите детето во гардинка и кога ке го свртете грбот и го цуете нивниот плач и вресок. Всушност, тоа е многу стресно искуство за сите. Во глава на детето поминуваат разни мисли, каде е сега мама, зошто ме остави со овие непознати луѓе, зошто е толку загрижена, што ќе биде сега, кој ќе дојде по мене ,......

И родителите, најчесто мајките си поставуваат многу прашања: дали воспитувачките ќе знаат што сака моето дете, што посакува, дали ќе го утешат, нахранат, па како ќе пристап другите деца, дали ќе го прифатат, што ако некој го удри, итн .

Сето ова може да биде помалку драматични ако полека и секој ден се зборува со дететои ако го запознаете со новината сто го чека. Децата треба да почесто да ги носите во парк, на гости и да го запознавате со останатите деца, дури и ако се многу мали, тие на крајот ќе го сфатат тоа што им го кажувате.

Важно е да се запознаете со воспитачката која ќе се грижи за вашето дете. Треба да ја запознаете со карактерот и навиките на вашето дете, како и со било која болест, ако вашето дете ја има. Додека ги пополнувате формуларите за упис, споделување ги Вашите мисли и стравови со воспитачката, бидете отворени, бидејќи тоа е можност да се праша за се што ве интересира.

За првите денови во градинка, одвоите неколку дена, затоа што детето постепено се навикнува, така првиот ден оставете го само еден час, два, додека останатите преку продолжување на следните неколку дена. Тоа секако зависи од детето и неговата подготвеност за градинка. Задолжително понесете ја и неговат омилена играчка, која ќе го потсеќа на дома. Пристигнувајте во точно закажаното време, и немојте да го изневерите, иако се мали децата тоа го знаат, го паметат и го разбераат. Разделбата, нека биде со насмевка, и немојте да ги лажете. Држете се до договорот.

Прилагодување и адаптација на детето во градинка, може да трае неколку дена, па дури и месеци или дури и подолго. Тоа зависи од детето и институцијата во која е детето. Тоа е всушноет прилагодување на воспитачката, децата, простор во кој се наоѓа, и задавање на ново темпо. Детето треба да ги прифати воспитувачите, децата со кои реално до сега си нема играно, на новиот ритам на спиење, правилна исхрана, грижа. Тоа до сега го правеле родителите или блиски роднини, баби, дедовци, тетки. Детето понекогаш може бурно да реагира, несака да јаде, да спие, станува плачливо, тажено, или агресивно. Многу е важно родителите да знаат дека ова е нормално и е привремено.

Кај некои деца, таквите пречки можат да се појават нешто подоцна (најчесто кај постари деца), речиси кога ќе ги изгустираат сите новини што ги носи градинката (играчки, деца, воспитувачи)

Како и за се ново што не чека во животот (освен за некои неочекувани ситуации), најдобро е да се подготвите. Зборувајте со вашите деца, дискутирајте за она што се случува во градинките, шегувајте се на оваа тема, зборувајте со него за нови пријатели, нови игри и играчки. Не грижете се за коментарите што ќе ги слушнете околу вас, имате право да се грижите за вашето дете и споделете го тоа со пријателите кои имаат искуство.