Најверојатно веќе размислува за летување со вашите деца, каде можете да одите, колку време да се остане, што треба да понесете, што е повеќе потребно, море или планина ....

Пред да отпатувате, најдобро ќе биде се да испланирате бидејќи одморот за детето де сосема ново искуство и предизвик.

Спремање

Кога се спремате обрнете внимание на она што ќе го понесете и бидете сигурни дека нема да ја претерате со пакување непотребни работи. Се разбира, тоа ќе се поголемиот дел од летните нешта, некои маици, неколку здолништа, шорцеви за момчињата, 3-4 костими за капење, долна облека, но задолжително и зимска гардероба, во случај да застуди. Потребни се 2-3 пара чорапи, дукс или џемпер и 1-2 пантолони.

Козметика за на плажа

Козметиката за на плажа е задолжителна како и козметиката за редовно одржување на хигиена. Значи покрај сапун, шампон коса, купка, паста за заби, четка за заби и чешел, лосион, потребна е и крема со висок фактор на заштита од сонце (за бебето фактор 50) и крем за после сончање.

Патување

Пред да започне патувањето децата треба да бидат добро одморени и не треба да јадат тешка храна, за да не осеќаат тежина во стомакот и да можат да го поднесат патувањето, кое што понекогаш може да биде и заморно, во смисла на лоши патишта, многу свиоци, патувања со брод и слично. Препорачливо е да се понесе полесна храна, подобро солена отколку слатка. Одберете вакумирани кутии за пакување, затоа што подолго ја одржуваат храната свежа. Понесете вода и свежо овошје, се разбира не заборавајте да го измиете. Избегнувајте газирани пијалоци. За сендвичи, избегнувајте млечни продукти, мајонез, бидејќи лесно може да се расипат. Подобро да имаат парче од шунка или печено, лист марула, биено сирење. Ако имате мало бебе потребно ви е и млеко, чувајте го добро спаковано, односно понесете термос или купете храна во тегли.

Покрај храната морате да понесете и нешто за забава на детето, омилената играчка, хартија и боички за цртање, или подгответе изненадување кое ќе го одвлече вниманието од долгото патување. Ако патувате со авион, подгответе го детето за да знае што е тоа. Ако патувате со автомобил, не заборавајте да направите пауза на секои 2-3 часа.

Понесете лекови

Кога патувате со дете мора да понесете и попатна аптека, која мора да содржи прва помош за итни случаи. Значи, секогаш мора да имате со вас сируп за симнување на температурата, лек за дијареја, соодветна крема за алергија и крем со каснување од комарец, крлежи и сл. Се разбира, понесете фластер, јод, алкохол, стерилна газа или Памук.

Играчки за плажа

Задолжително понесете кофи, лопатки, топки, душек, гуми за пливање итн. Омилените играчки на вашето дете кои обично ги користи и дома, книги, сликовници и боенки.

Имајте трпение и позитивна енергија. Најважно е детето за време на летовањето да биде здраво. Затоа е важно да се избегне изложување на сонце помеѓу 11-16h (поради Сончев удар и поради топлотен удар), често да му давате освежителни пијалоци и свежа и лесна храна.

Опуштете се и уживајте во летниот одмор!