"Ја имам цела сила на овој свет, таа која ми ја даваат моите деца и моето семејство" Мина Лазаревиќ

Нашата млада и убава глумица, мајка на Лука и на Ива, во паузата меѓу бројните обврски и снимања кои ги има овие дена, ни зборуваше за улогата на мајка која ја има веќе 11 години и колку и знаци семејството ви животот, како и за претстојниот солистички концерт на 28 декември, бидејќи Мина и покрај тоа што се занимава со глума, одлично пее.

Имате син Лука, кој има 11 години и ќерка Ива која сега во декември полни 2 години. Со оглед на тоа што во прашање се различни обврски, може да се каже дека имате доста работа. Како се снаоѓате и како постигнувате се?

Па еве како, Вие имате информации од прва рака бидејќи јас сум на 500страни, па некогаш не можам ни да спијам поради тоа. Но тоа не е секогаш така, тоа е пред големи настани и кога се некои припреми во тек. Веќе неколку пати спомнав, јас одбрав ваков живот, така да цел овој хаос дозволувам да го трпам само јас и никој друг покрај мене

Кој Ви помага за чувањето на децата кога сте отсутни заради работата?

Најмногу со мене е мојот сопруг. Со него најдобро и најчесто се организирам, се заменуваме, ги чуваме децата, а освен тоа имам помош и од моите родители и мојата прекрасна свекрва. Имаме и една девојка која влетува тогаш кога немаме друго решение и која ни ги чува децата. Со Лука немам проблем, тој е веќе голем, но за Ива имаме девојка која ја чува кога не можеме поинаку да се снајдеме.

Лука го родивте млада. Како би го опишале тоа прво искуство со бебе бидејќи бевте многу млада?

Знаете како, јас многу силно посакував да имам син и таа желба ми се исполна. И тогаш и сега сум пресреќна за се тоа што било како било. На таа одлука, меѓудругото, дојдов поради тоа што имав помош од мојата мајка која навистина ми беше, не само десна рака, туку и тоа што воопшто не бев во ситуација да бидам оптеретена што ќе правам со детето. Значи апсолутно можев да ги работам сите работи кои ми се нудеа и да бидам отсутна и да бидам присутна. Е сега, јас не бев отсутна во некоја мера во која некој друг можеби би бил, затоа што сакав да бидам со мојот син, но кажувам имам мајка која беше цело време со мене и благодарение на тоа во тие кризни години, да речеме додека детето е мало и кога треба да се чува, поминав многу лесно.

Со оглед на тоа дека градевте актерска кариера на кој начин влијаеше раѓањето на детето на вашата работа? Како правевте пауза?

Не, не правев пауза ни во првиот ни во вториот случај, затоа што немаше потреба. Имав убави и лесни бремености, лесно се породив, добро се осеќав и после тоа, кажувам дека имав и поддршка од семејството, така да можев брзо да се вратам и да работам. Всушност, јас никаде не заминав, тоа сакав да го кажам дека цело време бев тука. Така да, се зависи од семејството.

Како се чувствувавте како трудница првиот и вториот пат? Дали имаше разлика? Со раѓањето на Ива имавте повеќе искуство. Дали Ви беше полесно?

Бременостите ми беа до некаде исти, а до некаде различни. Немаше некоја разлика. Лесно ги поднесував и едната и другата, добро се чувствував, немав некои посебни барања, лесно се породив. Мене ми е стварно убаво искуство и во првиот и во вториот случај. Мислам дека посакуваната бременост не може да помине лошо.

Дали имавте од оние типични утрински гадења?

Е тоа е разлика, во првата бременост немав ништо, а во втората бременост имав мачнини, кои завршија класично околу третиот месец, потоа беше супер.

Дали се припремавте за породувањето, дали одевте на некои вежби?

Не, не.

Дали пазевте што јадите?

Не, јас и онака здраво се хранам, сакам да готвам и водам сметка да јадам и овошје и тоа да биде избалансирано, не во смисла да водам сметка за калориите. Но, за да можам да живеам со ова темпо морам да водам сметка и за тоа, правилно и добро да се хранам. Така да во таа смисла немаше никакви промени.

На кој начин се породивте?

Потполно природно без никакви помагала и тоа го препорачувам на секоја жена, освен ако постојат причини за царски рез и тоа ако лекарот го процени, и мислам дека тоа е едно искуство од кое жената не треба да се лиши. Се разбира доколку се е во ред.

Дали и Вашиот сопруг присуствуваше на пороѓајот и што мислите за тоа?

Не, јас лично не сум за тоа и ние се договоривме да не биде така. Мислам дека тоа е момент во кој што јас сакав да бидам сама со докторот и бабицата, се разбира сопругот дојде веднаш кога можеше да дојди за да го види бебето и мене, но едноставно не сум за тоа, што не значи за некој кој е во тој фазон дека не треба да го направи. Ние така се договоривме и бевме така расположени.

Како тој се снаоѓа во улогата на татко?

Одлично, супер! Како да му е трето дете, да од почетоткот.

Дали Лука помага околу Ива, бидејќи е постар брак и дали веќе е нејзин пример?

Секако, па тој е нејзина најголема љубов. Тоа е голема љубов. И јас имав брат кој е постар од мене 10 години, така да тоа го поминав од страната на сестра и сега ги гледам нив двајца како се сакаат, се обожаваат. И тука нема љубомора, тоа е веќе толкава разлика што тој веќе ја смета како своја играчка. Секогаш доаѓа коментарот: " Па како може да е толку слатка?" Несебично и ги дава своите играчки, дури и омилените, така да е вистинско уживање и да ги гледаш.

Знаете што, јас имам голем солистички концерт во Домот на Синдикатите на 28 декември и сега сум толку во припреми што воопшто не размислувам за Нова Гогина а инаку, јас најмногу сакам да сум дома со децата и сопругот, се собираме со бабите и дедовците и тоа ми е најубав дочек за Новата Година.

Јас сум страшно посветена, можеби е тоа и претерано, можеби е гушење, но водам сметка да јадат добро, да спијат добро, навреме да одат на спиење... ужасно сум посветена. Дури и син ми помалку, бидејќи влегува во пубертет и веќе е во замав почна да ги превртува очите кога го потсетувам добро да се облечи, да јади, да не оди гладен.

Јас сум класично посветена мајка. Е сега, колку што имам слободно време, се трудам тоа квалитетно да го поминам со своите деца.

Како им покажувате на своите деца дека ги сакате? Дали добиваат се што ќе посакаат или пазите да не ги разгалите премногу?

Луѓето ги мешаат поимите разгалување и галење на детето- " Немојте многу да ги галите децата". Јас своите деца многу ги галам и ги бакнувам и мислам дека во тоа не може да се претера. А во смисла на купување, не сум од оние кои купуваат се, за се постои време, за се постои момент. Гледам ништо да не им фали од тоа што им треба. Од таа страна имаат се, а од останатото гледам да биде пак тоа што е потребно, па некако калкулирам, се договараме како, што, па да се заслужи, да има прилика... Но, не, не мислам дека децата треба да имаат се. Но, сепак, што е тоа се? Се трудиме на децата да им пружиме убаво и безгрижно детство, а дури покасно се покажува дали било доволно или требало повеќе.

Дали делите искуства со Вашите колешки кои имаат деца и дали Вие со долгогодишно родителско искуство им делите свои совети?

Јас не давам совет доколку некој не ми побара. Се држам до онаа старата: "Вода и совет не давај освен ако не ти побараат". Па, зборуваме за децата, во стварност јас зборувам за своите само кога ќе ме прашаат, а ме прашуваат и секогаш им кажувам анегдоти. На тоа ниво разменуваме искуства, се советуваме, но ништо наметливо, онака попатно.

Што би им советувале на младите мајки и трудници кои можеби имаат некои недоумици или страв од она што ги чека?

Ја веќе некаде кажав, ако е тоа некој страв, тоа е од непознатото, поготово за жена која е првпат трудна. Мислам дека треба да се однесуваат што поприродно, да си г слушаат инстинктите... Кога прашуваат кога треба да почнам да го воспитувам детето, тоа е точно од моментот кога започнува бременоста. Да го чувствувате бебето во стомакот, да се однесувате во согласност со таа состојба- тоа е бременоста, тоа не е болест, тоа не е нешто што не спречува да живееме нормално само треба да слушаме што ни кажува телото и како се однесува бебето во стомакот, така да тој однос се гради од првиот ден. Се понатаму доаѓа природно. Треба да се биде што е можно поопуштен и да не се прави некоја посебна околност од цела ситуација. Тоа е нешто најубаво во животот и така треба да се третира.

Во што е разликата меѓу животот пред и по раѓањето на детето? Колку ве промени раѓањето на децата?

Ја секогаш бев одговорна и зрела во некоја смисла, јас таква и се родив. Се дружев со повозрасни, на училиште одев една година порано итн. Се ми се случуваше побрзо, па можи и таа прва бременост за мене не беше рано. Можеби е рано за некој што гледа од страна,но толку многу ме промени така што дефинитивни приоритети во животот направив во тој момент и од тогаш немам никакви несогласувања самато со себе што ми е најважно во животот. Ја имам цела сила на светот- таа која ми ја даваат моите деца и моето семејство како и поддршката од мојот сопруг, се што имам, таа оаза која ја имам во домот, така да можам се. Тоа ми е разлика во односот од порано, бидејќи знам од каде ја црпам силата, знам што ме прави среќна и што ми е најважно во животот.

Покрај концертот кој го спремате, каде можат да Ве видат луѓето?

Имам премиера, тоа е интересно, во театарот Славија на 7 декември, претстава "Ги сменуваме жените", адаптација на тестот "Ја сакам својата жена" од Мајкл Стјуарт, а пред 10тина години беше адаптација која се викаше "Секс бомба", сигурно луѓето ја паметат. Ова е сега една нова екипа и потполно нова адаптација, учествуваат Милан Калиниќ, Срџан Ивановиќ, Ивана Кнежевиќ и јас. Ќе се одвива во Белград, а инаку чето патуваме низ државата.Исто така во театар Славија се одигруваат и "Брачно кабаре"- Марко Живиќ, Марко Марковиќ и јас, потоа "Кој се плаши од Вирџинија Вулф" во истиот театар, потоа во театарот на Теразија.

Дали работите на синхронизација на цртани филмови и кои?

Да и тоа на доста цртани. На РТС најмногу се емитуваат, ако ја занемариме ДВД продукцијата. Моите цртани се Пчеличката Маја, Гарфилд, Грдото пајче, Мечето, Трите мечиња, потоа Шумско училиште- тоа се серии со кукли за деца на РТС. Уживам во тоа, тое е одличен полигон за игра.