"Во времето во кое живееме, најважно е семејството да се држи цврсто"

Ивана Зариа

Водителка и авторка на бројни емисии кои сме имале можност да ги гледаме на неколку тв програми, омилено тв лице во многу домови, можеби токму поради својата непосредност, елоквентност и професионалниот пристап, шармантната и убава водителка во последно време потполно е посветена на семејството, бидејќи е мајка на две преслатки девојчина, Катарина и Олга кои сега се на прво место, нејзе и на нејзиниот сопруг, бидејќи родителската љубов и нивното присуство сега се најважни. Што е важно околку двете бремености, првите денови со бебето, воспитувањето на децата и дали наскоро че се врати на малите екрани, одговара Ивана Зариа.

Во последно време не ве гледаме на ТВ. Дали тоа значи дека потполно сте се посветиле на децата?

Да. По раѓањето на првото дете, релативно брзо се вратив на работа, по неколку месеци. Меѓутоа голема разлика е кога имате едно мало и две мали деца. Тоа се два ритми, рве различно обавези околу нив, а со тоа и полно работа за родителите. Се трудиме што повеќе време да поминеме со нив, бидејќи сметаме дека тоа е исклучително важно додека се мали.

Имате две ќерќи, Катарина и Олга. Колку години имаат сега?

Катерина има 4,5 години, а Олга наполна 16 месеци.

Катерина дојде прва на свет. Како ја прифати веста за доаѓањето на уште еден член во семејството? Како се согласува со сестричката?

На наша голема среќа, фантастично. Таа навистина беше нашиот апсолутен центар се до раѓањето на Олга, но среќа е што е исклучително разумно дете и не е размазена во негативна смисла. Се и беше објаснето уште додека бебето беше во стомакот, и таа едвај чекаше, а идилата сеуште трае. Се надевам дека и така ќе остане... Таа е грижлива постара сестра, се соживеа со таа улога и потполно ми помага. Олга ја обожава, Катарина и е апсолутен идол.

Која е мамина, а која татина галеница и дали воопшто постои таква поделба?

И двете се мамини галеници кога тато не е тука, но кога тато ќе дојде....

Дали бременостите беа слични, или има разлика?

Потполно различни, толку што и неможам да ги споредам. Во првата бременост се здебелив 25 килограми. Најлошо од се е што не јадев од задоволство, веќе од потреба да си помогнам на самата себе, бидејќи до петтиот месец имав страшна мачнина, толку многу, што имаше денови кога неможев потполно да функционирам. Потоа пристигна релативно пријатниот среден триместар, а потоа третитот триместар, во кој веќе бев подебела, со ужасно гадење кое се обидував да го ублажам со леб, кекс, и останати намирници. На никого не би го препорачала тоа, бидејќи со ништо не помина мачнината и гадењето. Втората бременост не ја ни почуствував, се здебелив 12 килограми, изгледав и се осеќав одлично и бев потполно блажена и мирна. Факте е кога веќе имате едно дете , стлано сте околу него, па не стигнувате многу да мислите, но без разлика на тоа, се осеќав потполно фантастично.

Дали бевте од оние трудници кои се активни, вежбаат, многу малку го менуваат начинот на живот, или бевте од оние кои повеќе сакаат да мируваат?

Бев активна само во смисла на секодневните рутини и се трудев што повеќе да шетам. Не вежбав, повеќе ми одговараше да мирувам, посебно во првата бременост, која имаше стресен почеток, па бев препазлива. Во втората, како што реков, Катарина ме одржаваше во форма...

Дали посетувавте некое советувалиште за трудници, одевте на вежби за дишење итн?

Не, иако мислам дека требаше.

На кој начин се породивте? Какво беше вашето искуство? Дали имате некој совет за трудниците и родилките? Бидејќи и двете бебиња ги родивте по триесеттата, дали постои некоја посебна препорака за жени кои малку покасно добиваат дете?

И двата пати со царски рез. Првиот пат непланирано, едноставно , нешто се закомплицира, па мојата докторка реши да не ризикуваме. Не ужвав баш, морам да признаам, се се случи одненадеш, две недели порано и во ноќта, така да не добив епидурална која ја посакував и на крај завршив на операционен стол. Но добро е бидејќи се добро се заврши, како што и сите мајки кажуваат се се заборава кога ќе го здогледаш ликот на малечкото. Со Олга исто така имав царски рез, но планиран. Се опоравив фантастично брзо, и се беше полесно отколку првиот пат. Совет би бил- само без нервоза. Многу трудници непотребно се плашат и нервираат. Важно е само да се има доктор во кој безрезерво ќе верувате и кој ве прави да се осеќате пријатно. Тој ќе води сметка за се. Кога ќе се роди бебето потрудете се околу доењето. Кога ќе поминат првите проблеми сите ќе бидат задоволни. Јас сум од оние кои мислат дека доењето е доста важно. А што се однесува на годините мислам дека се е индивидуално. Факт е дека жените во дваесетите имаат повеќе енергија за одгледување деца, но предноста на триесеттите е тоа што сме повеќе стабилизирани, работиме и се чувствуваме посигурно. Жените насекаде низ светот раѓаат се покасно, бидејќи мораат или сакаат да работат. Медицината ни помага и мислам дека е потполно ОК да се одлучат да раѓаат и во 40тите.

Дали имавте желба вашиот сопруг да присуствува на пороѓајот?

Немав, морам да признаам. Мислам дека тоа може да значи за жени кои се пораѓаат по природен пат и пред кои има долги саати на чекање. Царскиот рез не изгледа убаво и мислам ако воопшто постои во пракса не е добра идеа.

Какви беа за вас првите денови по доаѓањето на бебето во вашиот дом?

Првиот пат малку стресно, бидејќи е се стресно и треба се да се научи и совлада. Вториот пат, се разбира многу полесно. Необично е тоа што имав впечаток дека се сум заборавила како и што треба да правам, меѓутоа природата се погрижила мајката да се сети на се..

Кој ви помагаше и дали беше полесно кога се роди Олга, со оглед на претходното искуство?

Мојата мајка беше нон-стоп тука , се разбира и Жаре, колку што можеше. Случај на околност беше тоа што и во двата пати кога девојчината се родија, тој многу работеше, нешто снимаше и доста одсуствуваше од дома, но се снајдовме доста добро.

Дали имате бебиситерка или успевате сами дасе грижите за вашите деца?

Долго време немавме, но од пред некоку месеци ни помага една госпоѓа Неда, која девојчињата ја обожаваат уште од првата средба ( што ми беше мене многу важно), а и Катарина тргна во градинка. Тука беше малку тргни-стани, не е згодно детето да почне во градинка кога ќе стигне новото бебе во куќата. Меѓутоа во тој момент успеавме да ја запишеме, а градинките во нашето место се пребукирани и несакавме да го изгубиме местото.

Се прилагодуваше цели 7 месеци, не ја теравме и форсиравме- сакаше да оди, но тоа секако не изгледаше како што таа си замислуваше, па се враќаше до ма расплачена секој ден. Но, беше упорна и веќе сега едвај чека секое утро да ја однесеме

Дали сакате да готвите и дали се грижите за исхраната? Дали во бременостите водевте сметка за тоа?

Не сум баш некој "калибар" во кујната, признавам дека сум од оние на кои спремањето на храна им е обврска...но тоа што се мора, не е тешко. Во бременоста се трудев да јадам максимално здраво, со тоа што, како што реков, во првата од силни мачнини изедов доста глупости. Во втората бременост бев максимално дисциплинирана, а немав ни некој голем напад на апетит, така да добро поминав.

Во која мера исхраната е заслужна за негуван и убав изглед? На кој начин одржувате младешки изглед, позитивна енергија и насмевка, кои се кај Вас секогаш присутни?

Важно е да се внесуваат доста витамини,влакна, вода...има тука и генетика, мајка ми е многу витална и младолика, па се надевам дека таква ќе бидам и јас. Како и сите- не сум ни јас секогаш ведра и насмеана, но се трудам секогаш да се сетам дека треба да сум захвална на животот и се што имам и тоа помага.

Летото е при крај. Дали веќе сте биле на летување фамилијарно?

Да, бевме во Грција кон крајот на јуни, така да веќе и заборавивме...

Бидејќи важите за една одмерена и елоквентна личност, како што Ве запознавме на телевизија, на многумина сте му и пример, дали на тој начин ги воспитувате и Вашите деца?

Да. И мојот сопруг и јас сметаме дека тоа е добар начин. Притоа, во времето во кое живееме, уште е поважно семејството цврсто да се држи и да оформува деца со цврсти ставови, бидејќи надвор сешто ги чека...

Дали за Вашето семејство можете да кажете дека е традиционално, или е тоа некоја варијанта, која не е класична? Со оглед на професијата со која се занимавате и Вие и Вашиот сопруг, Иван Зариа, кој е актер и немате некое фиксно работно време...

Кога е семјството во прашање, сме со традиционални сфаќања, но не живееме клацичен живот, како што рековте. Морам да признаам дека порано тоа ми беше возбудливо- ниеден ден не е ист, немаме класично работно време... Меѓутоа, откако дојдоја децата и моите ставови се сменија. Радо би работела од 9-17h. Децата бараат редовен ритам,а и многу полесно е да се организира животот кога може да се планира денот.

Кога повторно ќе Ве видиме на телевизија? Дали спремате нешто и дали Ви недостига работата, телевизијата, работата со емисиите?

Се надевам за неколку месеци, иако моментално е малку незахвално време за водителите и авторите на мојот профил. Имам некои желби и идеи, секако дека ми недостига телевизијата, но мислам ќе почекам уште малку.