Пролет е време на будењето на природата, добро расположение, насмевка, прошетка во природа. Зад нас е зимскиот период кога природата немаше многу да ни понуди од овошје и зеленчук. Исхраната беше "посилни" и помалку разноврсна.

Затоа е важно во пролет да го разбудите организмот со нови, свежи и здрави намирници кои само што пристигнале во пролетта од природата.

Најважно е исхраната во пролет да се збогати со што повеќе свежо овошје и зеленчук, особено оние во зелена боја. Особено се важно растенијата кои можат да вршат блага детоксикацијана организмот и делуваат како прочистувачи, како што се коприви, глуварче, диви лук и кримид.

Бидејќи во овој период доста е изразен и пролетниот замор, ослабени ни се мускулите, поради тоа што водиме помалку активен живот во зима, важно е да се вклучат што повеќе производи од "пазар". Така, во пролет на пазарите има повеќе зеленчук, спанаќ, зелка, кељ, брокула, бриселско зелје, зелена салата. Во прилог на оваа зелена храна, постојат млади моркови, целер, магдонос, кромид и бел кромид, карфиол, младите компири, 'рдокви, тиквички, итн,.....

За најмладите користете што повеќе разновидна исхрана, имајќи предвид дека веќе го храните вашето дете со зеленчук, добро е на детето да му дадете, три бои на зеленчуци (на пр.моркови, компири, спанаќ) и на тој начин применувајте секој ден разновидна комбинација.

Се разбира, за правилна исхрана, важно е децата да користат и овошје. На пролет, на пазарите има богата понуда од јагоди, цреши, малини. Ние не треба да се заборават и јаболката, кои што се одгледани во соодветни услови, јужно овошје, портокали, лимони, цитрон, банани или киви.

Со правилна исхрана, правилна подготовка, Пролетта ни нуди богатство на корисни и здрави состојки за нашиот организам.

Соработка со: Bebe Boom