Ако вашето дете има 13 месеци, можете постепено да воведувате вакво овошје во неговата исхрана, секако почнувајќи со мало количество кое постепено може да се зголемува. Сепак, треба да се напомене дека станува збор за здраво и вкусно овошје кое треба да биде дел од секојдневната исхрана на децата над првата година.

Цвекло по 6. месец

Во врска со воведувањето јагоди, капини, малини и слично овошје во исхраната на децата, повеќето педијатри се согласуваат дека тоа треба да биде после првата година од животот. Постојат неколку причини за тоа, пред сe, големата можност од нивна контаминација (загадување) при растењето и неможност задоволително добро да се измијат пред консумацијата.

Втора важна причина е можноста од појава на алергии кај децата при нивното прво внесување во исхраната. Ова особено е потенцирано кај деца кај кои постои ваква алергија во семејството.

Доколку се појави алергиска реакција, таа може да се манифестира со оток на устата, јазикот и ждрелото, но и со појава на црвенило на кожата околу устата, лицето, дланките кое е следено со чешање. Може да се манифестира со чешање на очите и со бистра секреција од носот.

Секако дека појава на респираторни симптоми со отежнато дишење, по јадење на храна која содржи јагоди или друго слично овошје, се многу сериозна акутна состојба и треба веднаш да се бара лекарска помош. Останатите опишани симптоми исто така бараат лекарска консултација и евентуален третман со локални или/и системски антиалергиски препарати.

Ако вашето дете има 13 месеци, можете постепено да воведувате вакво овошје во неговата исхрана, секако почнувајќи со мало количество кое постепено може да се зголемува. Сепак, треба да се напомене дека станува збор за здраво и вкусно овошје кое треба да биде дел од секојдневната исхрана на децата над првата година.

Што се однесува до цвеклото, како исцеден сок може да се користи после 6 месеци, вообичаено се меша со друг овошен сок (најчесто јаболка) за да биде повкусен.

Инаку, како репка има големо количество целулоза и диететски влакна (затоа е пожелна негова термичка обработка) и може да му прави на детето стомачни проблеми. Најдобро е да се внесува како храна по 10 месец, период кога се препорачува внесување на зелка, грав и леќа, со додавање на мало количество мелен ким или сув лист од нане за подобро варење.

Соработка со: Bebe Boom